Непотпишан коментар, објавен со идентичен текст на три интернет портали речиси истовремено, како очигледна координирана негативна кампања против кандидат за градоначалник од опозицијата. Прочитај повеќе

Кога изворите соопштуваат сериозни обвинувачки и дискриминирачки наводи, мора да се направи обид да се побара одговор од засегнатата страна. Прочитај повеќе

Меѓу два изборни круга во Општината Центар, каде кандидатот на опозицијата е во – условно – предност пред второто изјаснување на граѓаните, провладините медиуми, во кои порталот Курир има значајно место, не штедат напори да го оцрнат Андреј Жерновски.

„Политичкото минато на кандидатот за градоначалник на Центар од здружената опозиција, не им оди во прилог ниту на опозициските политичари, а најмалку на граѓаните. Андреј Жерновски е човекот кој уништуваше, а не создаваше“ – се вели во воведот на темата под споменатиот наслов, која наведува на помисла на нешто навистина спектакуларно како сознание, а што ете, јавноста не го знаела, особено онаа од Општина Центар, која важи за натпросечно информирана.

Накусо, авторот на текстот без потпис се повикува на два моменти:

  • иницијативи на партијата на Жерновски – ЛДП, со кои пред Уставниот суд се побара укинување на верското образование
  • надоместокот за трето дете, што е оценето како нешто деструктивно, односно како нешто што било спротивно од „градителското“, што нели, е во духот на новата демократија во земјата. Прочитај повеќе

Еден од трите спинови кои се појавуваат по дебаклот од посетата на премиерот на Кичево е тезата дека СДСМ е виновна за тоа што Кичево нема македонски градоначалник, откако вината најпрвин се префрли на Законот за територијална поделба од 2004 година, потоа на „предавството“ на турската партија на Кенан Ќасипи и Ромите од градот, за да конечно се најде и третиот спин – виновна е, членот на ДИК, Виолета Дума од СДСМ, која гласала воздржано во однос на предлогот за прегласување во три гласачки места, во овој град, заради колективно, групно гласање. Прочитај повеќе

Пишува Жарко Трајаноски, м-р по човекови права

Текстот е достапен и на албански јазик: Mediumet dhe zgjedhjet: favorizimi dhe mosbalansimi në dobi të pushtetit

Медиумите и изборите: пристрасност и неизбалансираност во корист на власта

Новинарот треба: „…јасно да се изразува и да го објасни покривањето на веста, и да повикува на дијалог со јавноста во врска со однесувањето на новинарите.“ (Новинарски кодекс)

Однесувањето на медиумите за време на изборната кампања беше остро критикувано од страна на меѓународните набљудувачи на локалните избори. Прелиминарниот извештај на набљудувачката мисија беше одличен повод да се покрене јавна дебата не само за неетичкото известување, туку и за загрозената слобода на изразување. „Пристрасното и партиско медиумско покривање“ беше нагласено уште во почетните заклучоци од Извештајот за првичните наоди и заклучоци на Меѓународната мисија за набљудување на изборите. За жал, само мал дел од новинарите ги пренесоа во целост првичните заклучоци кои се однесуваа на медиумите. Што се однесува пак до првичните наоди, посебниот оддел за медиумите беше главно игнориран, иако содржи битни согледби за состојбата со слободата на медиумите – прашање кое би требало да биде од врвен јавен интерес во секоја демократска земја. Прочитај повеќе

Next Page →