Кога приклонувањето кон полициската верзија значи кршење на принципот на пресумпција на невиноста и раѓа и дискриминација врз социјална основа. Прочитај повеќе

Како што е вообичаено, мисиите на ОБСЕ/ОДИХР издадоа заедничко соопштение за своето набљудување на текот и одвивањето на локалните избори во Македонија. Вечер објави делови од извештајот кои сугерираат дека е целосен ама каде се исфрлени негативните страни на извештајот и со таквиот текст – односно со условно меѓународно покритие ги претвора изборите во фер и демократски. Прочитај повеќе

Еден ден по протестот на Македонците во Кичево, пред штабот на ВМРО ДПМНЕ во овој град, исвиркувањето на премиерот, неговата блокада во зградата на неговата партија и бегството од овој град, неделникот Република излегува со текст на својот портал со кој виденото од Кичево го прогласува за нешто непостоечко, а незадоволството на кичевскиот народ, независно од мотивите, го пренасочува кон никој друг (а кој друг?) туку кон лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и поранешниот лидер на таа партија и премиер Владо Бучковски. Прочитај повеќе

Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

Продолжение на Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Текстот е достапен и на албански јазик: Deklaratat e politikanëve komentohen
Изјавите на политичарите се коментираат

Фотографија: Eelco

Изјавите на политичарите може да немаат допирни точки со реалноста

Многу често медиумите едноставно пренесуваат изјави на претставници на власта или на политичките партии без да постават прашања поврзани со реалноста на она што се тврди, основите на тврдењето и остварливоста на истото. Прочитај повеќе

Во скопската рубрика на дневниот весник Дневник излезе текст кој се однесува на започната градба на неколку облакодери во населба Аеродром. Како трусно подрачје и заради други урбанистичко проблематични приоди кон олку високите згради во Скопје, кон инвестицијата со право постоеја подозренија. Весникот се обидува да ја сопре недовербата кон тие градби со написот во кој се вели дека:

„До август годинава ќе заврши изградбата на двете од четирите 42-катници во Аеродром, уверени се инвеститорите од претставништвото на турската компанија „Џеваир холдинг“, кои со реализација на овој зафат почнаа во јули лани…

Секоја зграда има од 180 до 185 столба, широки по еден метар, а длабоки по 24 метри. Тоа ќе бидат најбезбедните згради, способни да издржат земјотрес од 10 степени – објаснуваат од претставништвото на фирмата во Скопје.“

Написот има и политичка конотација, бидејќи инвестицијата беше една од фаворизираните владини привлекувања на странски капитал, па пропагирањето на проектот очевидно треба да добие свој простор.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →