По долговремено молчење пред јавноста, Утрински излезе со своја вистина за примените хонорари на вајарката Валентина Каранфилова Стефановска. Ова би бил голем успех за која било редакција, ако се знае фактот дека авторката и официјално е посочена како апсолутно најнаградуван уметник на овие простори, во кое било време. Таа сега има потреба да објаснува пред јавноста – зошто примила толку високи хонорари, зошто УЈП не ја споменува во милионерите од наше тло, како таа ги добива сите главни споменици и како воопшто успева да одговори на обврските?

Ова се секако само дел од можните прашања, кои во разговорот ги нема или ние не ги гледаме во финалната верзија? Прочитај повеќе

По неколкумесечните штрајкови на белите мантили против начинот на кој се вреднува трудот од страна на министерот Никола Тодоров и кусата пауза во примената на неговиот казнено-награден метод, деновиве одново стартуваше примената на старо-новиот модел.

„Министерството за здравство јавно ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи, во согласност со критериумите од проектот за плаќање по успешност. Ресорното министерство смета дека треба на овие вредни лекари да им се валоризира работата, бидејќи, тие во февруари годинава најмногу се залагале на своите работни места пружајќи им стручна медицинска помош на пациентите“.

Индикативно е дека сите провладини медиуми на ниту еден начин не го проверија моделот со наградените. Секако и со казнетите или прескокнатите, но беше нагласено дека меѓу наградените имало и штрајкувачи, иако како таква беше спомената само една лекарка!

Одново се потврдува практиката на прес-конференции, кои ги држат високи владини функционери, новинарите да не поставуваат додатни прашања. Прочитај повеќе

Кога се консултираат независни извори, може да се добие сосема друга слика на настаните. Прочитај повеќе

Пишува: Жарко Трајаноски, м-р по човекови права

Текстот е достапен и на албански јазик: Pse mediat i injorojnë problemet e personave me pengesa? (1)
Зошто медиумите ги игнорираат проблемите на лицата со попреченост? (1)

Избирачко место бр. 2842 на локалните избори во општина Центар, 21.04.2013 | Фото: Метаморфозис

„Зборовите се важни! Новинарот треба да знае со кој термин означува една заедница. Најдобар тест за тоа е прашањето дали таа заедница сака така да биде означена? Доколку терминот е навредлив, тој не смее да се користи независно од аргументите кои вам ви се чинат валидни или вообичаени“. (Прирачник за етиката во новинарството)

Почитувањето на човековото достоинство и на човековите права на сите луѓе, вклучително и на припадниците на маргинализираните групи, е обврска на новинар(к)ите. Новинар(к)ите треба да бидат особено внимателни при употребата на термините за означување на дискриминираните заедници и групи, затоа што eдна од најраширените форми на дискриминација е негативното и омаловажувачкото лингвистичко идентификување. Посебен етички предизвик е употребата на почитувачки термини за луѓето со попреченост, затоа што непочитувачкиот јазик може да предизвика чувство на исклученост. Прочитај повеќе

Во неколку медиуми во земјата во кус период во втората половина на април се појавија написи поврзани за неволјата на група станари од елитната населба Бардовци кои имаат проблем со човекот кој им продал станови, а тие сѐ уште немаат затоплување и ладење, немаат по две паркинг места и немаат имотни листови за објектот кој го купиле. Би се рекло дека се работи за уште еден нов контингент на измамени купувачи во сферата на станоградбата.

Во написот на Дневник како извор на доста опширна информација се јавува адвокатката на лицата кои обвинуваат, речиси и да нема изјава од другата страна (освен една реченица на синот на сопственикот), а не се цитира ниту пресудата со која судот ги одбива наводите на жалителите, со што го немаме клучниот аргумент во пресудувањето на читателот, кога веќе еден станбено-комунален проблем станал судски!

Го земаме како пример текстот објавен во Дневник, весник со репутација, кој треба да се држи до некои стандарди. Прочитај повеќе

Next Page →