Рецензија: Абортусот не се забранува, туку се штити здравјето на жената
Објавено во: Рецензии | Коментирај | Читања
521
Отежнувањето на процедурата за прекин на бременоста е „за жените, за децата и за општеството“?! Прочитај повеќе
Рецензија: Наместо да бараат слепи следбеници, лидерите треба да ги шармираат граѓаните
Објавено во: Рецензии | Коментирај | Читања
405
Наднасловот и насловот на статијата наведуваат на заклучок дека темата е да се одговори на прашањето какви лидери им се потребни на политичките партии во земјава генерално. Текстот почнува со претстојниот избор на претседател во СДСМ, но, натаму од содржината може да се заклучи дека авторот не трага по прашањето какви лидери им се потребни на партиите, туку „нуди“ модели на успешни лидери во ликовите на претседателите на партиите од власта. Прочитај повеќе
Рецензија: Со помалку автомобили до поздрава околина
Објавено во: Рецензии | Коментирај | Читања
335
.
„Борбата за поздрава и почиста околина треба да се добие со ограничување на моторизираниот превоз, а не со константно промовирање бесплатни паркинзи. Не дека бесплатното паркирање нема да донесе предности за возачите, но се добива впечаток како единствено автомобилите да добиваат третман, а проблемите со останатиот алтернативен превоз ѕирка од заднина, од втор план. Во јавноста постојано се сервираат услуги за возачите, разни карти, бесплатно и зонско паркирање, а на тој начин се стимулира употребата на автомобили и се зголемува аерозагадувањето“.
Во написот за кој станува збор, по бенигниот воведен збор за темата, на индиректен начин се напаѓа една од ретките одлуки кои ги носи новиот градоначалник на Центар – Андреј Жерновски, за да продолжи негативниот одиум што кон него го градат провладини интересни групи. Во прашање е прогласувањето на територијата на Центар за бесплатен паркинг за жителите на Општина Центар, која овој пат предизвикува реакција „од еколошка страна“, како пример за мерки кои ја загадуваат човековата околина. Прочитај повеќе
Рецензија: (ФОТО) Скандал во Центар – луѓе блиски на Жерновски рушат објекти низ општината
Објавено во: Рецензии | 1 Коментар | Читања
464
Кога анонимката ќе стане „извор на информација“, а новинарите не сакаат да ја слушнат другата страна. Прочитај повеќе
Рецензија: Кој се новинарите кои зеле акции во транзицијата?
Објавено во: Рецензии | 1 Коментар | Читања
619
Новинарите кои „зеле акции во транзицијата“ немаат право ни да се бранат – какво е тоа „новинарство“?! Прочитај повеќе