Нема ништо проблематично во однос на текстот на објавената информација. Причината за реакција е фотографијата што е употребена за илустрација на текстот. Бидејќи станува збор за текст објавен на CNN, ќе беше добро ако беше употребена соодветна фотографија, какви што го следат текстот објавен на нивниот сајт.

Во овој случај преведени се само неколку параграфи од изворниот текст, објавен на CNN, а употребена е фотографија на која е прикажан цртеж од пештерата Ласко во Франција. Прочитај повеќе

Државната агенција МИА крши еден од основните постулати во новинарството, а тоа е правилото да се слушнат двете страни. Таа објавува реакција на Министерството за финансии, но без каде било да го објави извештајот на Standard & Poor’s на кој Министерството реагира.

Ова се прави и покрај фактот што овој извештај го има на сајтот на агенцијата за кредитен рејтинг и со неколку кликови тој многу лесно можел да се најде и да се објави. Прочитај повеќе

Пишува: Жарко Трајаноски, м-р по човекови права

Текстот е достапен и на албански јазик: Si të raportohet në mënyrë etike për ‘regjistrin për pedofilë’?

Новинар(к)ите треба да бидат многу внимателни кога известуваат за сексуално насилство врз деца. Во минатата анализа, укажавме дека од новинар(к)ите се очекува „да ги истражуваат случаите на сексуално насилство и сексуално искористување на децата, но и да ги почитуваат стандардите на етичкото новинарство“. Прочитај повеќе

Написот преку само еден пример ја генерализира состојбата во сите 55 градинки (податок од Министерството за труд и социјална политика), распоредени во 40-тина општини низ државата. Со тоа ем го пали алармот за паника кај родителите и ги доведува во заблуда за квалитетот на исхраната на нивните деца, ем не дава одговор на прашањето од насловот. Прочитај повеќе

Треба ли да се врати смртната казна, само за педофили? Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →