Кусата информација е превземена од полициски билтен. Но, кога таквата информација станува новинарска вест, мора да биде точна, јасна, сеопфатна и напишана според стандардите. Причина за рецензијата е што оваа вест го задржува административниот полициски јазик наместо да се преработи во четиво привлечно за читателите. Прочитај повеќе

Написот е со сензационалистички наслов, но со отсуство на факти во содржината кои ја потврдуваат неговата веродостојност. Нејасна е целта на написот, дали е таа да се претстави животот на мајки кои имаат три деца или едноставно, да се промовира помошта што ја дава Владата за секое третородено дете, мерка што се спроведува од 2008 г.

Напомена: Рецензијата се однесува на оригиналната верзија на написот, објавена на 21 јуни (слика 1). До 24 јуни на крајот на написот е додаден параграф кој го објаснува насловот (слика 2).
Прочитај повеќе

Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

Текстот е достапен и на албански јазик: Faktet dhe/ose interpretimet (1)

Fakti i ili interpretacii 1Фотографија: Дел од насловната страница на Извештајот за трговија со луѓе за 2013 г.

Медиумот информира, анализира, искажува ставови, критикува или поддржува. Во секоја информација, анализа, став, критика или поддршка треба да има факти и интерпретации. Во различен обем. Информациите вообичаено содржат пред сè или единствено факти, за разлика од анализите, ставовите или критиките и поддршките, кои треба да се базираат врз факти, меѓутоа, содржат и голема доза на сопствена интерпретација и прикажување. Прочитај повеќе

Правење интервју со одредена личност на одредена тема е една од потешките новинарски задачи. Истражувањето за подготовка на прашањата е клучен сегмент од процесот. Поводот треба да биде актуелен, а објавувањето на интервјуто треба да биде благовремено. Прашањата треба да бидат прецизни и да го доловат мотивот поради кој се прави интервју на дадена тема со избраниот соговорник. Целата работа добива на тежина ако станува збор за интервју во живо на некој од електронските медиуми. Прочитај повеќе

Текстот „Кежаровски не може да одговара кривично ако го штител јавниот интерес“, е предизвик за рецензија поради неговата актуелност, компаративните примери за слични случаи, практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и поради контроверзноста на постапката, со оглед дека новинарот е притворен во 2013 година за дело, наводно сторено во 2008. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →