Kajganasmatrfoni

Текстот припаѓа во жанрот вести и тоа за тема која опфаќа многу широка категорија луѓе. Но и покрај таквото значење веста нема извор, со што може да се направи поголема штета, наместо да се исполни една од главните функции на медиумите во општеството – одговорно и вистинито информирање. Прочитај повеќе

Ова е време кога угледот на професијата е сериозно нарушен од луѓе кои стануваат „новинари“ и кои имаат други цели, злоупотребувајќи ја новинарската – правовремено, точно, јасно и непристрасно соопштување на вистината. Поради нив, но и поради младите колеги, кои влегуваат во професијата во актуелните услови на наметната правна и етичка конфузија за новинарството, ова е и вистинско време да потсетиме на нејзиното височество ВЕСТ, темелот на сите новинарски жанрови. Да се напише вест е комплицирана работа, оти не секој умее со малку зборови да ја каже суштината.

Комплицираноста на веста, всушност, е во нејзината едноставност.

6277337422_28e50f7287_b

Фотографија: Jon S

Пишува: Сунчица Стојановска Зоксимовска

Прочитај повеќе

На 11.07.2013 повеќе медиуми објавија идентичен наслов – „Законот за абортус решение за бремените адолесцентки“. Како повод за написите беше искористен Светскиот ден на населението (одбележуван од УНФПА – Фондот за население на ОН) во чиј фокус беше ставено прашањето на бременоста на адолесцентките.

Пишува: Жарко Трајаноски, м-р по човекови права

7298855922_54b849b5e4_c

Протест за заштита на репродуктивните права на жените, Ванкувер, Канада. Фотографија: Sylvia McFadden

Прочитај повеќе

Текстот се базира на актуелни документи објавени на интернет страницата на Државната комисија за верификација на фактите, претставен со сензационалистички наслов – изјава на лустрираниот Божин Павловски, која е пренесена од трето лице (информатор), за која не постојат докази дека е автентична. Исто така, извадена е од контекст со што остава сомневање дека постои тенденција за дискредитација на Павловски.

Текстот еднострано и несеопфатно известува за актуелностите поврзани со контроверзниот процес на лустрација, со што не дава придонес за објективно и непристрасно информирање на јавноста. Прочитај повеќе

.

„Економските експерти повеќе од еден век укажуваат за потребата од изградба на пругата кон источниот сосед која ќе ги намали превозните трошоци на компаниите и економски ќе ги заживее подрачјата покрај трасата од Куманово до границата со Бугарија. Македонската влада реши да го комплетира овој дел од Kоридорот 8. Прво ќе се направи рехабилитација на делницата од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри.“

Навидум вообичаениот прилог од економијата за изградбата на пруга, за која се сонувало еден век да биде изградена, девалвиран е со додавањето на (веројатно) редакциска опрема која треба да направи „ударнички амбиент“. Во прилично долгиот текст нема објаснување за користениот наслов, а дури во последната реченица од текстот стои дека пругата ќе се изгради до 2022 година, значи за десет години. Тоа секако не само што не е турбо темпо, напротив, туку е многу бавно градење на пруга. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →