Во случаите кога има јавен интерес да се известува за самоубиство, новинар(к)ите треба да ја искористат можноста за едукација на јавноста и за разбивање на митовите и предрасудите.

СОС-линија за кризни состојби на Клиниката за психијатрија (24/7): (02) 3136 400.

Пишува: Жарко Трајаноски, м-р по човекови права

Прочитај повеќе

.

„Се надеваме како Македонци кои живеат во Австралија наскоро ќе се радуваме на изборот на Македонец во Австралискиот парламент“. 

Оваа реченица ја одразува суштината на текстот објавен во неделникот, на порталот, а која се однесува на веста за кандидатурата на Македонка за наредните парламентарни избори на седмиот континент, кога кумановката Невена  Спировска ќе се обиде да стане пратеник од Калвел, сојузна државата Викторија, во сојузниот Парламент. Прочитај повеќе

Медиумите во Република Македонија многу малку и крајно несоодветно ги искористуваат содржините на меѓународните документи што се однесуваат на Македонија.

Еленор Рузвелт со Универзалната декларација за човекови права на ООН, Фото: Претседателска библиотека на Френклин Рузвелт, автор непознат, ноември 1949

Еленор Рузвелт со Универзалната декларација за човекови права на ООН, Фото: Претседателска библиотека на Френклин Рузвелт, автор непознат, ноември 1949

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Прочитај повеќе

Кога новинарите забораваат на професионалната дистанца, најсериозна последица е губењето на довербата на публиката кон новинарството во целина и кон сите новинари

press-conference-645x250

Фото: Wikipedia.org

Пишува: Соња Здравеска

За новинарот да обезбеди објективност и непристрасност во своето известување, како основен предуслов за правилен пристап кон работата, тој мора да се „изолира“ од темата за која пишува и да ја пренесе онаква каква што е, односно без да биде наклонет кон која било засегната страна во приказната. Прочитај повеќе

Написот звучи како прикриено да изразува незадоволство од функционирањето на пазарот и пазарните законитости. И тоа особено онаа законитост за понудата и побарувачката која едноставно вели дека ако има побарувачка производот или услугата ќе се продаваат и по повисоки цени, односно оние цени кои пазарот може да ги поднесе.

Објаснети се мерките и политиките кои ги презема државата за да влијае на намалување на цените на станбениот квадрат и се признава дека овие мерки досега не вродиле со плод, иако некои од нив се спроведуваат веќе три години. Но, и покрај тоа, написот завршува со оптимистичка прогноза на соговорникот дека тие мерки, сепак, овојпат ќе вродат со плод без со ништо да се предизвика ваквото негово тврдење и без критички да се согледаат досегашните владини мерки на овој план. Прочитај повеќе

Next Page →