.

„Зошто Заев собра сили да ги посети новинарите, но не и да демонстрира политичка одговорност и зрелост со тоа што ќе влезе во Клубот на пратениците на состанок на Комисијата“.

Ова е секако најсуштествениот сегмент од веста од Клубот на пратениците на новинарот на неделникот, во мигот кога очите на целата јавност беа завртени кон работата на т.н. ад хок Комисија за расветлување на настаните од 24 декември минатата година.
Видливо е дека веста воопшто не се обидува да објасни дали Заев требало да влезе во просторијата каде работи мешовитото тело, дали тоа би било можно и како тоа би се третирало, особено што претставниците на двете најголеми партии требаа да внимаваат на реципрочната присутност во работата на Комисијата, која имаше однапред договорен состав. Да потсетиме дека претседателите на двете најголеми македонски партии присуствуваа само на првата од многуте августовски сесии на работа на Комисијата само за да дадат поттик на работата. Прочитај повеќе

Репортажата која е објавена во весник во соседна држава, а чии извадоци се пренесени во македонските медиуми, содржи неколку елементи кои се причина за рецензија на написот. Покрај очигледната намера да се даде сензационален наслов, текстот содржи и дискриминирачки елементи од национална и социјална природа. За одредена социјална категорија е употребен терминот „проститутки“ со намера да се понижи нивната личност, место веќе усвоениот коректен израз „сексуални работнички“. Место да информира, текстот пристрасно и еднострано алармира за затекнатата состојба. Прочитај повеќе

Отсуството на прашања од новинарите на прес-конференции покажува дека тие најчесто доаѓаат неподготвени за темата за која се зборува и дека имаат многу малку знаење за неа

пишува: Теофил Блажевски

 

Прес-конференциите се одличен индикатор за нивото на (не)знаење и (не)подготвеност на новинарите за темите за кои се зборува. Ова особено доаѓа до израз на оние т.н. тематски конференции, каде се изнесуваат податоци за нови инфраструктурни проекти, за зголемување на извоз, производство, буџетски приходи, расходи, субвенции, макро и микро економски показатели, податоци за раст во разни пропулзивни дејности… Сличен е случајот и со прес-конференции на кои се зборува за општествени или политички теми, поврзани и регулирани со низа меѓународни конвенции, резолуции, договори… Ваквите прес-конференции, со ретки исклучоци, завршуваат со молк, токму тогаш кога говорникот треба да биде „бомбардиран“ со прашања.

Прочитај повеќе

Известувањата за рекламни кампањи или други комерцијални новитети сѐ почесто се пласирани како новинска вест, иако не ги исполнуваат критериумите за точно, непристрасно и објективно информирање, туку афирмираат конкретна компанија во однос на останатите. Тие создаваат сомнеж дека е во прашање постоење комерцијален интерес на релација рекламираниот субјект-медиумот кој го објавува.

Еден актуелен пример е поставувањето макета на авион со рекламен слоган од кампањата на компанијата ОНЕ на скопскиот аеродром кое овде е објавено меѓу актуелните вести и информации од Македонија на 19 август. Во овој случај, информација со пропагандна содржина е спакувана како новинска фото-вест за „настан“ на скопскиот аеродром и опремена со наслов кој го „лови“ вниманието на читателот и го наведува на погрешен заклучок односно го дезинформира дека на аеродромот слетал авион од типот Ербас А380, што, доколку беше вистина, ќе беше сензација и вистински повод за објавување на веста. Прочитај повеќе

Минималните придобивки од медиумскиот интернет пазар, кој е неконсолидиран, фрагментиран и непрофесионален, создаваат само илузија од новинарството, еден вид дилетантизам, кој ни одблиску не соодветствува на вистинската мисија на новинарството.

8636691165_d9f0341514_z

Фото: BAO.bits

 

Пишува: Бардил Заими

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →