Skandal-vo-Centar-Kade-zavrsuvaat-ogro resize crop

„Освен печатените отчети на Општината Центар кои беа делени по домовите, општината е присутна и на интернет просторот преку повеќе динамични банери кои се наоѓаат на ударно место, а кои е познато дека се најскапите за рекламирање. Ваквиот начин на работење отвора повеќе прашања кои остануваат неодговорени и кои фрлаат светло на нов скандал во оваа општина“.

Општината „Центар“, со која градоначалникува Андреј Жерновски, од страна на медиум кој себеси се смета за влијателен и високопребаруван, е осудена на тоа да дели летоци по домовите и да не користи поскапи форми на рекламирање. Освен тој совет, текстот кој го пренесоа сите провладини медиуми, се повикува на наводна висока сума која била дадена за оваа намена, потоа утврдува дека селекцијата на медиумите не била правена според критериум кој медиумот го смета за нерелевантен и трето, се повикува на тоа дека медумската кампања ја правела просдсмовска фирма. Прочитај повеќе

Етичка должност на новинар(к)ите не е само да известуваат за јавни протести туку и за барањата на лицата кои протестираат. Ретки беа медиумите кои ги ставија во преден план барањата на лицата кои протестираа, наспроти изјавите на министерот дека протестот пред МТСП бил „грешка“.

3432142598_af2fc1de61_z

„Те сакам“ на знаковен јазик, фото: Bert Heymans, 2009

„Благодариме на сите за подршката, особено до медиумите кои ни помагаат да го кренеме гласот! Немаме толкувачи затоа го пишуваме ова!“ (Јавен собир на глуви и наглуви на Република Македонија)

Пишува: Жарко Трајаноским-р по човекови права Прочитај повеќе

Рецензија: Кој му ја подлегна (подметна) Тања, на Атанaско Mихаилов од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Рецензии | Comments Off on Рецензија: Кој му ја подлегна (подметна) Тања, на Атанaско Mихаилов од ВМРО-ДПМНЕ | Читања 933

OhridON-Кој-му-ја-подлегна-подметна-Тања resize crop

„Која е причината за несмасниот медиумски и партиски гаф на Атанско Михаилов со извесната Тања и приватниот емаил? Според едни, во занесот на граѓанското движење наречено дпмне, во иднина секој ќе може да испрати партиско соопштение доколку е дел од движењето? Според други, Атанско ја заборавил адресата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ па повикал пријател(ка). Според трети, Атанаско немал доверба во целото членство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ па дури ни во партиското огледало па од тука, во иднина информациите ќе бидат креирани и испраќани до медиумите по сигурен женски канал од Тања (алиас ОК на ВМРО-ДПМНЕ)“

Една политичко-дебатна тема е преселена на личен план и притоа е изнесен еден важен личен податок за лице кое нема никаков официјален политички статус (објавен е и нејзиниот мејл!), со што се овозможуваа таа личност евентуално да биде јавно шиканирана.

Линк до оригиналниот напис:  Кој му ја подлегна (подметна) Тања, на Атанaско Mихаилов од ВМРО-ДПМНЕ?

Кој-му-ја-подлегна-подметна-Тања-на-Атанско-Михаилов-од-ВМРО-ДПМНЕДатум и време на објавување: 18.09.2013

Датум на рецензирање: 29.09.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Секако дека појдовната точка за вмешување на приватна личност во партиска дебата постои низ самиот факт што едно (или повеќе партски соопштенија) се пуштени од приватен мејл. За тоа постојат докази (самиот мејл). Сето друго може да биде инсинуација за која, секако, ако некој се одлучи да тужи, на судот  би имал спротивни аргументи. Се мисли, пред се, на инсинуациите поврзани и со насловот на текстот. Како и поднасловот во кој се тврди дека ОК на ВМРО-ДПМНЕ се претворил во ВМРО-Тања!

Извори на информации: Нема поконкретни извори, освен еден (мејл кој место со назнака на Комитетот има лична адреса), кои би упатувале на фактот дека партискиот шеф  нема потпора во својата база, во своето претседателство и слично. Впрочем, од така масовна партија редно е да се очекува дека ќе се јави некој „јунак“ надвор од редакцијата кој ќе потврди „приватизација на партијата“?!

Содржајност: Текстот содржи прилично алузии на нечиј приватен живот, во таа насока е доста „доста содржаен“, ако се прифати манирот на т.н. нушиќевско новинарство, полно со алузии кои треба да се разберат само во одредена мала средина, каде главно секој знае се за секого, а написите од овој тип служат „како мезе“…

Пристрасност: Зад ваквите написи обично стои нечиј или некаков политички интерес, некаква, би ја нарекле – кадровска политика и не е предмет на погодување – чија?  Стилот и структурата  на текстот укажуваат на јасна форма на притисок врз некого, со најава дека следуваат можеби еден или повеќе други такви написи, односно кои се дел од кампања.

Оригиналност/Плагијат: Текстот има редакциски потпис, што значи дека ја напишал некој кој го одразува колективниот став на „Охридон“.

Квалитет на насловот: Насловот е недозволив и тој е под нивото на нешто што е за јавно користење, односно пласирање на информација.  Особено заради алузијата која целосно излегува од ареалот на јавниот интерес. Непријатно е и кога се цитира (препишува).

Фотографија: Текстот има само една фотографија која го прикажува нападнатиот партиски функционер како некаде држи говор. Значи – фотографија како илустрација.

Говор на омраза: „Не е се така црно со Атанско. Има бели моменти, особено, кога ќе ја прошета својата бела гардероба.“ Ова секако илустрира колку омраза има кај текстописецот кон личноста која ја опишува, односно напаѓа во својот текст. Поводот е политички, а можеби постои и некој друг?

Заклучок:  Ваквите пресметки, како во споменатиот напис,  треба да се чуваат за партиски форуми, каде што им е местото и дури и таму тие се надвор од добриот вкус! Во старите, „добри, социјалистички времиња“ за вакви написи  веднаш би реагирал јавниот обвинител, ама тука се е оставено на лична иницијатива на повредените. Во секој портал мора да се внимава на работи заради кои државата веќе утре може да побара построга контрола врз јавните мрежи, земајќи го написов како повод, по што ќе настрадаат општите политички слободи и права.

kukuriku_mk_balkanot-pod-ud resize crop

„Многумина веруваат дека се работи за интензивно “запрашување” на населението на оваа планета од воздух со биолошки отрови од страна на тајни организации кои се сопственици на политички, па дури и воени институции. Chemtrails-те се задолжителни со влез во НАТО, пропратна појава без исклучок.

Фактот е дека тоа се специјално модифицирани, непознати, нерегистрирани авиони кои летаат на голема надморска височина и кои , пред сè, на ниту една воздушна служба не даваат отчет – затоа што се на војската.

Хемискиот состав на овие агенси дејствуваат на штета на човечкото тело и имунолошкиот систем. Населението е поболно, послабо, ја убива можноста за дејствување и активирање на способноста на размислување и револт против манипулацијата. Покрај тоа, фармацевтската индустрија си го зима својот дел .

Сето ова е дозволено од страна на многу луѓе кои не се заинтересирани за ништо и сè е одобрено од страна на политичките тела кои ние самите ги избравме“,

Прочитај повеќе

sdsm-so-alister-kembel-kje-go-pobedi-vmro-dpmne crop resize

Шпекулацијата на МАКТЕЛ за вклучувањето на познатиот британски новинар и моќен ПР експерт, Алистер Кембел, во тимот на опозиционата СДСМ очигледно беше доволно атрактивна провокација таа и на овој портал да се пренесе во целост, иако стануваше збор за шпекулација од само еден анонимен извор и тоа од конкурентската ВМРО-ДПМНЕ.

Непроверената и со ништо непоткрепена шпекулација со сугестивен наслов „СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!?“ набргу беше демантирана од страна на самата личност за која станува збор, а со тоа сериозно е доведена во прашање кредибилноста на медиумот кој објавува непроверени информации и користи нерелевантни извори. Прочитај повеќе

Next Page →