FireShot-Screen-Capture-034-Makfax_com_mk-www_makfax_com_mk_321775-crop-resize

Веста е поучен пример за рецензија не само затоа што недостасуваат основни параметри од новинарските стандарди, туку и затоа што е објавена од класична новинска агенција, со што одговорноста за ширењето на неточни податоци е на повисоко ниво поради дисеминацијата што ја прават новинските агенции. Во дадениов случај, да биде „бељата“ уште поголема, оригиналнот на веста е пласиран два-три часа порано од некогаш конкурентската агенција на Макфакс, агенцијата МИА, а во веста што ја рецензираме тоа е сокриено од читателот. Прочитај повеќе

MKnews_mk-mkd-news_com_teshko-na-crop-resize

Фактот дека веста е прочитана 4.140 пати покажува колкав е интересот на граѓаните за темите поврзани со пушењето на јавни места. Медиумот се обидел да соопшти дека се подготвува измена на Законот за пушење во Република Македонија. Велам се обидел, затоа што обидот му е неуспешен. Читателите очекувале да прочитаат точна информација какви измени ќе донесе новиот закон за оваа област, а не добиле јасен одговор на тоа прашање, освен што се проширени овласувањата на полицијата и даночните инспектори и дека поради тоа ќе биде „тешко на пушачите“. Прочитај повеќе

ispoved-na-edna-devojka-kako-stanav-skapa-prostitutka-vo-skopje-crop-resize

„Убава сте и обично студентка во Скопје. Важен е влезот во високото друштво. Важно е најмногу кој е вашиот промотор-контакт во тоа друштво. Доколку сте многу убави пробајте да влезете во естрадата и ќе завршите во креветите на познатите и богати политичари и бизнисмени. Рецептот е прост.“

Ова е само воведот на написот со сензационален наслов „Исповед на една девојка: Како станав скапа проститутка во Скопје!“, кој без да посочи ниту еден извор на читателите им подметнува „лична приказна и рецепт за ВИП дама“:

„Мојот влез во тие кругови беше едноставен. Пратеник од една помала партија, познат тип, барал секс со две. Моја другарка од Неготино побара помош од мене, бидејќи беше сама, а и имаше скромно искуство.

Содржината, стилот и начинот на кој е пласиран текстот ја откриваат примарната цел да шокира и да го привлече вниамнието на читателската публика. Независно што таквото „новинарство“ се коси со основните принципи и стандарди на пренесување информација. Прочитај повеќе

Откако-ги-стави-во-беља-МПЦ-и-Миладинови-Азманов-crop-resize

„Бизнисмените Орце Камчев и Зоран Азманов имале блиска средба на прославата на адвокатската канцеларија “Апостолски” што се одржа во четвртокот во МКЦ, јавуваат интернет-порталите. Истите извори наведуваат дека во пресметката, што се случила пред очите на стотината присутни гости, истакнати личности од политиката и јавниот живот, подебелиот крај го извлекол Азманов кој добил неколку шлаканици и си заминал предвреме со скината кошула.

Двајцата имаат свои верзии за инцидентот и за причината за пресметката. Азманов вели дека Камчев му барал пари, непостоечки долг додека Камчев рече дека не сака да го коментира настанот.“

Судирот на врвот на политичко-економско-безбедносната елита во клубот „Арабеска“, пет дена по тој настан, стана една од подоминантните во медимите. Навистина, една доста покуса вест имавме на некои портали два дена претходно, без извори или само врз основа на еден извор, но овде, веројатно и стратешки, е направена поширока сторија за еден ВИП настан. Дали има повеќе факти, повеќе извори и повеќе содржајност од другите? Поблиску ли е до критериумите кои обично тука ги бараме, особено кога еден од учесниците во тој настан е посочен уште во наднасловот како „ем навредувал ем повторно измислува дека сите освен него се силеџии, алкохоличари и лажговци“. Тоа, според медиумот, е доволен повод истиот да биде натепан и избркан од прославата, која нема официјален извор за опишаните проблеми за некои од поканетите, бидејќи, никој во тепачката не сака да пријави дека во „Арабеска“ нешто се случило. Прочитај повеќе

Кипарската полиција трага по Британецот кој како дете бил киднапиран од Роми-crop-resize

Новинарите имаат посебна одговорност за јавно искажаниот збор и со оглед на тоа што нивниот збор им важна улога во обликувањето на јавното мислење, пишувањето на медиумите треба да биде неспоиво со ширењето на говорот на омраза, на предрасуди или поттикнувањето дискриминација по било која основа. Поради тоа, објавувањето на тврдење дека дете било киднапирано од Роми, во наслов на напис кој информира за нови моменти околу истрагата за исчезнато дете со британско државјанство во Грција и на Кипар, а притоа никој никаде не изнесол таков податок, е неодговорно и непрофесионално. Тоа што текстот е очигледно преземен од странски портали, без тоа да биде напоменато, со што некритички бил копиран и насловот, не ја намалува одговорноста на медиумот, кој требал подобро да се информира околу фактите поврзани со случајот пред да ѝ го презентира на својата читателска публика. Поведувањето по други медиуми кои манифестираат предрасуди по етничка основа, насочени кон конкретна етничка група, во случајов Роми, не зборува добро за професионалниот приод. Прочитај повеќе

Next Page →