FireShot-Screen-Capture-034-Makfax_com_mk-www_makfax_com_mk_321775-crop-resize

Веста е поучен пример за рецензија не само затоа што недостасуваат основни параметри од новинарските стандарди, туку и затоа што е објавена од класична новинска агенција, со што одговорноста за ширењето на неточни податоци е на повисоко ниво поради дисеминацијата што ја прават новинските агенции. Во дадениов случај, да биде „бељата“ уште поголема, оригиналнот на веста е пласиран два-три часа порано од некогаш конкурентската агенција на Макфакс, агенцијата МИА, а во веста што ја рецензираме тоа е сокриено од читателот.

FireShot Screen Capture #034 - 'Makfax_com_mk' - www_makfax_com_mk_321775Линк до оригиналниот напис: ЕУ на Македонија ќе и даде 600 милиони евра, да беше членка на Унијата ќе добиеше 1,7 млрд. евра повеќе

Датум и време на објавување: 30.10.2013

Датум на рецензирање: 31.10.2013

Рецензент: Теофил Блажевски

Вистинитост: Нема ниту еден елемент кој би му помогнал на читателот да поверува во вистинитоста на наводите во веста. На оној што ја чита веста му останува или да се „восхитува“ на математиките или да се запраша, а кој тоа го тврди, со оглед дека станува збор за огромни суми ако се споредат со парамтрите од домашната економија и буџет.

Извори на информации: Во веста, иако се објавени многу прецизни и големи суми, не е наведен никаков прецизен извор. Фразата „пресметки на Европската комисија“ за читателот не значи многу, затоа што не е наведено попрецизно за какви пресметки станува збор, ниту за тоа врз основа на кои параметри се правени пресметките. Оттука не можеме да зборуваме ниту за релевантноста на изворите, ниту за нивната актуелност, ниту за повеќестраност.

Содржајност: Текстот не е сеопфатен. Тој е само извадок од оригиналот од каде што е преземен. И оригиналот не е сеопфатен, но, оваа рецензиранава верзија дефинитивно прикрива информации. На пример, нема ни збор за тоа колку од претпристапната помош на ЕУ за Македонија не е реализирана, ниту, пак, зошто. Оттука таа е нејасна. Во еден момент се тврди дека за седум години ќе сме добиеле 2, 3 милијарди евра нето бенефит, а веќе во следната реченица, 1,7 милијарди евра!?  Одговорот на оваа нејаснотија се наоѓа во поднасловот на веста, но внатре во телото на веста не е направен никаков линк со податоците изнесени во поднасловот.

Пристрасност: Само делумно е прикажана вистината – тоа дека Македонија губи одредени финансиски средства. Но, зошто навистина ги губи, дали нема да ги губи и ако биде членка на Унијата, зашто и за нивната реализација има процедури и контроли, дали проблемот е само Грција… редица други прашања не само што не се одговорени, туку и се препознава обид за спин. На пример:

Со овој договор, кој се однесува на делот каде ЕУ ги признава квалификациите на македонските граѓани, по што тие ќе може да почнат да отвораат бизниси надвор од државата, т.е. во земјите-членки на Унијата, Македонија би ризикувала да биде напуштена од најдобрите професионалци поради активација на договорот за слободно движење.

Коментирање: Во веста се коментира отворено, интегрирано со фактите:

грчката блокада земјава ја чини околу 1,7 милијарди евра, кои би влегле во македонскиот буџет во следните седум години.

Оригиналност/Плагијат:  Веста што ја рецензираме е делумна копија на оригиналнот објавен на МИА. Нема никакви истражувачки елементи или некој нов елемент плус, што би бил надвор од оригиналот од каде се копирало.

Квалитет на насловот: Насловот информира, тој е преголем и несоодветен за вест, сензационален е во смисла дека треба да ја поттикне фантазијата на читателот и тенденциозен е, зашто насочува на погрешен заклучок.

Фотографија: Има илустрација – симбол на евро и мапа на еврозоната, без наведен извор на илустрацијата.

Говор на омраза: Навидум без говор на омраза и дискредитација. Но, траги од тие елементи се суптилно скриени во коментаторскиот дел околу блокадата на Македонија. Има  дискредитација и на универзалното човеково право – право на слобода на движење, во последниот пасус.

Заклучок: Веста не исполнува неколку елементи кои се задолжителни според правилатa за пишување вести: нема прецизен извор, па оттука има проблем со вистинитоста зашто фактите не може да се проверат ниту лесно, ниту веднаш, нејасна е и збунувачка во еден дел, потоа нема објаснување зошто е тоа така, односно како се дели помошта кога ќе станете земја членка на Унијата, не е сеопфатна бидејќи не споменува воопшто за претпристапната помош и не кажува зошто не се искористува истата, односно се користи само една третина од одобрените средства, ја извртува вистината кога сугерира дека можеби е подобро што не сме влезени во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација и содржи нескриени коментаторски елементи, интегрирани со фактите.

Технички гледано таа е со лош наслов и со глава на веста која не соодветствува со основната содржина, ниту со насловот на веста. При пишување на вестите, главата на веста мора да биде во корелација со она што е вест во веста и со насловот.

Тука би сакале да потенцираме две работи. Првта е основна професионална обврска на новинарот. Нему треба да му е јасно дека не е на читателот да проверува факти, туку на новинарот да ја пишува вистината. За да биде веродостен, новинарот мора да ги наведе прецизно своите извори, освен во исклучителни случаи. Кога станува збор за наведување бројки, новинарот е должен да биде сеопфатен и да го објасни целиот контекст, зашто бројките се најподатни за манипулација ако се дадени без појаснувања на што се однесуваат и како е дојдено до нив.

Втората работа што е карактеристична за овој пример, е тоа што веста што ја рецензираме е објавена од некогаш угледна новинска агенција со многу корисници и со статус на релевантен извор на информации. Новинските агенции може, се разбира, да преземаат вест од други извори на информирање, во случајов друга новинска агенција која ја објавила оригиналната вест. Но, особено кај новинските агенции, изворите мора да бидат јасно наведени, зашто нивната одговорност е за трошка поголема од другите медиуми, бидејќи служат како основен извор на пласирање и ширење на вести во јавноста. Така е и во овој случај. Од двете новински агенции веста е преземена во неколку медиуми (повеќето, исто така, не го навеле потеклото на веста), од кои, некои важат за угледни и сериозни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

Има општа фраза – „пресметки во ЕУ“

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори