Анкетите докажуваат проѕирните лаги не го враќаат рејтингот на СДСМ-crop-resize

Зошто, кога станува збор за организација која самата го вложува својот анкетарски кредибилитет во мерењето на политичката (не)доверба во земјава, да се трошат новинарски редови и печатарско мастило за „дополнување на сликата“ дека опозицијата не чини, дека не знае што прави и дека, како што се тврди, проѕирните лаги не го враќаат рејтингот на СДСМ? Зошто на публиката да не и се остави самата да ги „свари“ бројките од понуденото истражување? Зошто треба да се нудат остри констатации за безредие во опозициските редови, за сметка на „величањето“ на владејачката партија, кога бездруго податоците од анкетата покажуваат надмоќ на ВМРО – ДПМНЕ над СДСМ? Затоа што, судејќи според напишаното, текстот не треба да ја доинформира јавноста за односот меѓу двете главни политички сили, туку едноставно кажано, преку т.н. новинарски производ „да ја дотепа“ опозицијата. Прочитај повеќе

2013-10-29-Vasilakis-za-imeto-vo-Dnevnik-crop-resize

Во земја со висок степен на медиумска култура вакви новинарски текстови каков што рецензираме сега не виреат. Но, со оглед на тоа дека медиумската култура стана нов бенчмарк на вреднување во извештаите на Европската унија за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, сосема е очекувано, дури и во еден весник за кој постои перцепција дека е угледен, да се појави текст кој е далеку под сите новинарски стандарди, на една многу деликатна и чувствителна тема во период кога преговарачкиот процес кој влезе во една тешка и сложена фаза. Да видиме зошто. Прочитај повеќе

Makedonskoto zname go veat vo Katmandu-crop-resize

Оваа фото вест на која се прикажани свети лица од Катманду од кои двајца држат шал со името Македонија, испишано помеѓу две ѕвезди од Вергина, има за цел да послужи како доказ дека, како што се вели на крајот на веста, “Македонија се сака од секој дел на Земјата“. Покрај тоа што ова е направено неуко, речиси аматерски, со крајно произволни и непоткерпени констатации, прашањето кое се наметнува е која е оправданоста оваа вест да биде пласирана во рубриката „Вести – Македонија“ на една национална телевизија?!  Особено што, очигледно, станува збор за една туристичка фотографија добиена од читателка од Австралија која под неразјаснети околности добива национално значење. Прочитај повеќе

cel-gtc-vo-skopje-i-se-smeeshe-na-ovaa-devojka-crop-resize

Во своите рубрики насловени како Забава, Занимливости и слично, кои по правило донесуваат „полесни“ содржини, со понеобврзувачки третман на темите во манир на таблоидите, некои, условно кажано „посериозни“ медиуми, често забораваат каде се границите на добриот вкус, хуморот и етиката, па материјалот што го пласираат се случува да биде делумна, па дури и целосна измислица. Еден речит пример за ваквата практика е фото-веста за девојката на која, наводно, и се смеел цел ГТЦ во Скопје поради изборот на гардеробата, која го откривала нејзиниот долен веш. Прочитај повеќе

netpress_com_mk_mk_vest_asp_id141283kategorija31-crop-resize

Уште од самиот наслов „СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна“, е видливо дека намерата не била да информира кој е новиот лидер на младите социјалдемократи, туку да се потсмева,  иронизира. Впрочем, самата содржина на веста од само неколку реда тоа и го потврдува. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →