Александар Македонски не бил никаков Грк туку Македонец со словенска крв Net Press-crop-resize

Внимателност! Тоа е еден од најважните елементи кои постојано треба да се имаат на ум при пишување на текст како што е овој. Историјата е исклучително сензитивна тема, особено на Балканот и особено кога се става во корелација со чувствата на одреден народ или група и кога тоа се прави токму во одреден период кога атмосферата, дел природно, дел неприродно, е толку „набилдана“ што секој јавно искажан или медиумски пренесен збор поврзан со „антиката“ речиси безрезервно се впива од голем дел од јавноста. Тоа значи дека во дадениот случај текстот, ако правиме аналогија со натоварен камион кој се спушта по надолнина, требало да лази, да внимава да не ги прегрее кочниците. Но, кога убаво ќе се исчита понуденото, се добива впечатокот дека некој го оставил камионот во „лер“, притоа воопшто не мислејќи за последиците од тоа рискантно возење по „лизгав пат“. Прочитај повеќе

lesani-crop-resize

Пред нас се наоѓа текст кој заслужува рецензија поради низата наводи кои се неофицијални, непроверени и нерелевантни. Шпекулациите се основа врз која се плете целиот корпус на текстот. Освен ова, текстот содржи и коментари кои не одат во прилог на најдобриот интерес за детето, што претставува висока етичка вредност на новинарот. Со информацијата која се пласира дека „се плетат приказни дека Маја е жртва на трговија со луѓе“ неосновано и неодговорно се наметнува паника и се дезинформира јавноста, особено поради тоа што авторот не ја атрибуира таа информација на извори од истрагата, туку на чаршиски разговори. Повторно се забележува трендот, кога написот се атрибуира на друг медиум, авторот на преземената вест да го губи чувството на одговорност поради тоа што не учествувал во процесот на прибирање и проверка на информациите. Сепак, ова не може да значи ослободување од одговорноста. Авторот е одговорен и за тоа што го презема од други медиуми.  Интересно е дека непосредно по објавувањето на веста на порталот Охрид 1, авторот го менува насловот од „Дали е малолетната Маја од Лешани жртва на трговија со луѓе“ во „Lihnid.com: Маја од Лешани повторно ја нема?“. Позитивно во оваа постапка е тоа што првичната идеја шпекулацијата на чаршијата да се претстави како факт и носечка информација се заменува со атрибуција и со факт, а тоа е дека девојчето е повторно исчезнато.  Прочитај повеќе

Благодарност до Бога како „наднаслов“, зборот „МИР“ во наслов и поднаслов - Издание на Филаделфија Инквајарер на 15 август 1945 година - денот на победата на САД против Јапонија, фото: Adam THEO

Благодарност до Бога како „наднаслов“, зборот „МИР“ во насловот и поднаслов – Издание на „Филаделфија Инквајарер“ на 15 август 1945 година – денот на победата на САД против Јапонија, фото: Adam THEO

Читателите најчесто се задржува на оние вести и информации кои имаат добра опрема и кои најмногу им го привлекуваат вниманието. Некои текстови веројатно никогаш не ги погледнуваат, во голема мерка поради лошиот наднаслов, наслов, и поднаслов, или затоа што текстот не е опремен со овие основни елементи на новинарската форма.

Пишува: Александар Писарев Прочитај повеќе

Овој напис го има и на : Albanian

ALMAKOS-Xhemali-Mehazi-ky-poliglot-i-vërtetë-crop-resize

Тоа што институцијата на Џемали Мехази, кој е кадар на ДУИ, зборува само „македонски“ се подразбира. Управниот одбор на ФЗО (според официјалниот сајт) се состои од овие членови: Aнгел Митевски, Елена Трпковска, Елизабета Србиновска, Љубиша Каранфиловски, Илија Глигоров и Горан Коевски. Значи и во Управниот одбор се забележува дека Албанците не се вработени во оваа важна државна институција ни за „иљач“.

Еден од главните недостатоци на овој напис е токму неговата коментаторска природа, што сосема ги прекршува предвидените норми за еден новинарски прилог (информација) од овој вид. Во рамките на овој текст, кој се обидува да се претстави како информација, наиудваме на низа субјективни мислења кои суштествено влијаат врз неговиот контекст. Згора на тоа, тие се присутни како во самата содржина, така и во насловот на наспиот, при што го одвлекуваат вниманието на читателот.

Овој транспарентен начин на сервирање на коментарите како суштина на информациајата не само што претставува грубо кршење на професионалните стандарди, туку располага и со капацитети да ја манипулира пошироката јавност. Меѓутоа, сагата за непочитувањето на новинарските стандарди не завршува тука. Во текстот, исто така, се детектирани и елементи на плагијат, и тоа во делот на изјавите, кои се позајмени од прилог во друг медиум. Прочитај повеќе

www_sitel_com_mk_mk_devoj-crop-resize

„Националноста“ на првите хомо сапиенси била одредувана според припадноста на племето на кое припаѓале. Средбата со другото племе  некогаш била мирна и владеел мир, некогаш ќе се испотепале. Така е секаде во природата. Има чопор на лавови и чопор на други лавови. Мислите дека им е гајле што сите тие се лавови. Ќе се степаат или за територија или за женка. Спремни се да ги заколат и младенчињата на сите лавови од другото племе само да не им бидат конкуренција кога ќе пораснат.

Можат ли вака поедноставени закони од природата да најдат аналогија и во општеството. Да. Во оваа вест која ја рецензираме. Прочитај повеќе

Next Page →