www_sitel_com_mk_mk_devoj-crop-resize

„Националноста“ на првите хомо сапиенси била одредувана според припадноста на племето на кое припаѓале. Средбата со другото племе  некогаш била мирна и владеел мир, некогаш ќе се испотепале. Така е секаде во природата. Има чопор на лавови и чопор на други лавови. Мислите дека им е гајле што сите тие се лавови. Ќе се степаат или за територија или за женка. Спремни се да ги заколат и младенчињата на сите лавови од другото племе само да не им бидат конкуренција кога ќе пораснат.

Можат ли вака поедноставени закони од природата да најдат аналогија и во општеството. Да. Во оваа вест која ја рецензираме.

FireShot Screen Capture #067 - 'Девојка причина за нападот на момчињата во Куманово I Сител Телевизија' - www_sitel_com_mk_mk_devoj

Линк до оригиналниот напис: Девојка причина за нападот на момчињата во Куманово

Датум и време на објавување: 23.11.2013,  14:28

Датум на рецензирање: 27.11.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост:  Нема дилема дека две групи на тинејџери се степале во Куманово, едните имале нож, а другата група настрадала. Веста е потврдена и во полицијата и во болницата.

Извори на информации: Изворите се референтни и сигурни. Полициски записник, кривични пријави, лекарски наоди…

Содржајност: Веста што ја рецензираме е препишана од полицискиот билтен. Ја има на сите портали, а некаде е малку посодржајна со опис на местото каде се случил инцидентот. Основната содржина кај сите е иста. Ако малку вулагризираме, таа е како што напишавме во воведот. Две групи на тинјеџери се степале поради владеење на територијата (детската градинка каде се собираат навечер) и поради женката, која еден од нив, кој претходно ја освоил, ја довел на нивната територија „да им ја покаже“.

Оригиналност/Плагијат: Информацијата е оригинален ТВ прилог без потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Неадекватен наслов кој ја стигматизира девојката (жената) како причина за крвавата тепачка на мочињата. Има елементи на мизогинија. Треба да ги мрзиме жените-девојките, бидејќи тие се причина поради која некој може да нѐ нападне.

Фотографија: Фотографијата нема легенда и не може да се дефинира дали е од местото на инцидентот или е ставена само како илустрација.

Говор на омраза: Експлицитно тврдење дека девојката е причина за нападот, има елементи на омраза.

Заклучок: Дали во една сложена општествена ситуација кога сме сведоци на секојдневните физички пресметки меѓу младите, медиумот треба да биде „среќен“ што во ова прилика младите не се избоделе со ножеви поради етничката или религиозна припадност, туку поради девојката?

„Девојката причина за нападот на момчињата во Куманово“ е кодирана порака и спин дека во државата владее хармонија во меѓуетничките односи и младите не се тепаат поради етничката нетрпеливост туку поради „женката“.

Медиумите и новинарите во пренесување на вакви вести мора да бидат многу внимателни, бидејќи се работи за чувствителни прашања. Во обидот да ја амнестираат едната појава – меѓуетнички тепачки, влегуваат во другата крајност прикажувајќи ја жената/девојката која е причина за нападот, како жртвата на социјалното милје во кое е дозволено насилството врз жената, или насилството поради жената, што не е својствено на цивилизирани општества. Во на ваков начин пренесената вест за она што таа вечер се случило во градинката во Куманово, има и елементи на мизогинија (девојката е виновник за крвавата пресметка),  но и третирање на жената како предмет-стока, чија сопственост треба да се одбрани со нож. Третман на „стока“, „трговија“  медиумот го става и на другата страна со лош вокабулар, непримерен за опис на настанот: …„заработил убоди на грбот и главата“… „М.М. и Р.М. заработија кривични пријави“…

Во текстот е евидента дискриминација на жената. Никаде не се објаснува како таа се нашла таму, со кого и зошто дошла. Тоа е идеологијата која жената ја става во инфериорна положба во однос на мажот, дури и кога е во прашање обичната вест за тепачка во која „таа е причина за нападот“…

Ова е лошо пренесена слика на општествениот мозаик во кој младите, очигледно изманипулирани и инспирирани од постарите, служат како нивна ударна тупаница и се тепаат и бодат со ножеви за во одредени ситуациии тоа да се прикаже како религиозна или етничка нетрпеливост, а во други истиот тој мотив да се амнестира и прикаже како тинејџерска неконтролираност на хормоните и емоциите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори