ALMAKOS-Xhemali-Mehazi-ky-poliglot-i-vërtetë-crop-resize

Во институцијата која што ја претставува Џемали Мехази, кадар на ДУИ, нема вработени Албанци ни за „иљач“.

 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Џемали Мехази, личи на вистински полиглот, бидејќи на сајтот на институцијата што ја претставува пишува дека Мехази зборува: англиски, хрватски, италијански и француски јазик. Испаѓа дека Мехази и покрај познавањето на сите овие јазици, не знае да зборува македонски, јазик што е многу потребен во институцијата која што ја претставува.

Непознавањето на македонскиот јазик од страна на Мехази може да биде многу блиску до вистината, имајќи го во предвид фактот дека директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Маја Парнаџиева Змејкова, му забрани на Мехази да го напише своето име со албански букви, и можеби Мехази, не знаејќи го македонскиот јазик, не можел да и се спротистави на Маја, на оваа нејзина исклучива одлука, информира Almakos.com. (Веќе неколку години здравствените институции работат со двајца директори, еден од областа на здравството и еден економист. Сите одлуки треба да бидат потпишани од двајцата директори).

И кај новите електронски картички издадени од Фондот за здравствено осигурување има доста јазични грешки. Тоа се потврдува и во случајот на граѓанинот Рамуш Бериша од Скопје. Кога ги зел електронските картички за неговите деца, тој забележал дека нивното презиме е напишано погрешно. Наместо ‘Бериша’ како што треба да биде, напишано е ‘Бериса’ во кирилична азбука. Според него, оваа грешка во електронските здравствени картички на неговите деца им го онемозможува правото на бесплатен преглед кај матичниот лекар.

„Од Фондот за здравство ми велат дека грешка е направена во мојата картичка и дека се работи за техничка грешка. Зошто тој што ја направил картичката не можел да притисне на буквата „Ш“ наместо да ја притисне буквата „С“. На латиница многу убаво е напишано „Ш“, а на кирилица е напишано „С“. Не знам, сега ми велат дека треба да ги вратам картичките со јазични грешки, да платам пак и да чекам 6 месеци за да ги добијам повторно. Сега треба секој месец да одам и да земам сини картони за да можам да ги однесам децата на лекар“, изјави граѓанинот Рамуш Бериша.

“Тоа што институцијата на Џемали Мехази, кој е кадар на ДУИ, зборува само „македонски“, се подразбира. Управниот одбор на ФЗО (според официјалниот сајт) се состои од овие членови: Aнгел Митевски, Елена Трпковска, Елизабета Србиновска, Љубиша Каранфиловски, Илија Глигоров и Горан Коевски. Значи и во Управниот одбор се приметува дека Албанците не се вработени во оваа важна државна институција ни за „иљач“.

(Веста е преведена од ваб сајтот на албански јазик Алмакос (во оригинал на можете да ја најдете овде) со цел да послужи како повод за рецензија, која можете да ја најдете овде)

Француското-МНР-ја-најави-средбата-меѓу-Фабиус-и-Попоски-во-Париз-Сител-Телевизија-crop-resize

Агенциската вест на МИА за најавената средба на македонскиот министер за внатрешни работи, Никола Поповски, со неговиот француски колега овде е пренесена  воглавно, задоволувајќи ги потребните професионални стандарди. Но, притоа се направени и грешки. Првата, која паѓа в очи, бидејќи е во воведната, ударна реченица на веста, е дека како портпарол на француското МНР е наведен Кеј д‘Орсеј, што, всушност, ја претставува локацијата во Париз на која е сместена оваа институција. Кеј д‘Орсеј е метоним за ова француско министерство, исто како што името Пентагон, односно седиштето на Министерството за одбрана на САД често се користи за да го замени полниот назив на таа институција. Притоа, од увидот во оригиналната вест на МИА за овој настан, може да се утврди дека државната информативна агенција  исправно го користи овој метоним, за разлика од оваа вест.

Втората грешка е употребата на името Брдо, за локацијата Брдо кај Крањ во Словенија, каде што неодамна имаше регионален самит на министрите на земјите членки на ЕУ. И во оригиналната и во пренесената вест се зборува за самитот „од Брдо“ или „во Брдо“, без притоа да се наведе дека се работи за локацијата пошироко позната како Брдо кај Крањ, на која се наоѓа дворецот Брдо и конгресниот центар. Иако, на прв поглед, употребата на скусеното име би можела да се оправда како метоним, вообичаено важните средби и самити во медиумите, сепак, се именуваат според географската локација, што во овој случај има логика веќе и поради фактот што во Словенија има најмалку три географски локации со име Брдо (освен Брдо кај Крањ постојат и Брдо кај Шентјур и Брдо кај Нова Горица), па дистинкцијата според близината на поголемо населено место или општина изгледа логична. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-114-КАНАЛ-5-Телевизија-kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID23714-crop-resize

Прилогот „Каков ќе биде резултатот од новиот популизам на СДСМ?“ просто зрачи со тенденциозност и тоа од насловот , па до последниот ред.

„За политиколозите, кои беа консултирани од Канал 5 и кои во изминатите неколку недели повеќепати ја објаснуваа кампањата на опозицијата, првиот впечаток е дека „работното лето“ на раководството на СДСМ предводено од Бранко Црвенковски,  кое неславно заврши по само неколку посети на села и градови, многу наликува на сегашните средби и трибини и популистичките настапи на Заев, Шеќеринска, Узунов. И тогаш, како и сега, секој чекор на тимовите беше медиумски следен од проопозициските медиуми со помпа и еуфорични тврдења дека сега е навистина готово со теророт на власта и оти народот се ослободил од стравот во кој живеел.“

Притоа, се турка тезата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев  на може да понуди ништо ново, туку  продолжува да дејствува во „популистичкиот манир на Бранко Црвенковски“!  Онака како што е конципиран и пласиран овој материјал, зад кој стои потписот на главниот и одговорен уредник на телевизијата, не спаѓа во ниту еден новинарски жанр. Можеби прилогот е замислен како осврт или коментар, но ставовите во него не се отворено и децидно искажани, туку затскриени зад впечатоците на анонимни политиколози, професори, експерти,  како и зад мислењето на премиерот и министрите. Така што е добиен еден лош новинарски производ со јасна критизерска интонација кон опозицијата, конципиран  со наслов и поднаслов во прашална форма, неинвентивен вовед и текст од шест реченици испишани во 20 реда. Прочитај повеќе

Новото раководство на СДСМ шири лажна еуфорија-crop-resize

Нема текст, нема потпис, нема извори, нема соговорници. Единствено нешто што укажува на тоа дека станува збор за некаков обид за новинарски производ е само гласот во позадина кој раскажува „колку опозицијата е изгубена, бидејќи ја копирала,“ како што се вели, „губитничката стратегија на претходниот лидер базирана на еуфорични настапи“. Констатација кажана, а со ништо непотврдена. Дали на „гласот во позадина,“ кој очигледно е само позајмен, му е јасно што сѐ изнакажа во 1 минута и 45 секунди, колку што трае овој т.н. телевизиски извештај, и колку во овој кус период недозволиво ги прекрши ама баш сите можни професионални стандарди? Прочитај повеќе

dn-00000_00000000045-crop-resize

Полувистини, лаги, манипулации, говор на омраза и на моменти грешен превод од сериозните референци што се даваат како извори (на пример, публикација од Харвард) може да се забележат при длабинската опсервација на овој медиумски производ, пласиран со спинерски наслов. Оригиналниот текст е напишан пред две и пол години, а во македонската верзија се сервира како новост, што претставува манипулирација и спин.

Главната идеја врз која е конципиран текстот е да се изедначи кривично дело со сексуална ориентација, при што авторот на македонската верзија го потврдува своето дискриминаторско стојалиште кон ЛГБТ заедницата уште во насловот, каде го изедначува со зло. Во првата половина од текстот воопшто нема сериозни и издржани извори, па се користат воопштувања како, на пример, „психолозите“ и „критичарите на хомосексуалниот начин на живеење“.

Тезата која авторот се труди да му ја подметне на читателот е дека педофилите ќе имаат полно право да бараат нивното кривично дело да се толерира, доколку на хомосексуалците им се даде правото на сексуална ориентација. Аналогија, која во слободен превод е еквивалент на:  „Ако утре е среда, тогаш за четири месеци времето ќе биде сончево“.

Во исто време, авторот ја дискриминира ЛГБТ заедницата и ја мушнува тезата дека на хомосексуалците не треба да им се дозволи да го имаат својот избор на партнер, поради тоа што ова ќе биде поттик за педофилите да бараат права. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →