Крај-на-цивилизацијата-што-ја-знаеме-Нова-Македонија-www_novamakedonija_com_mk-crop-resize

Анализата како новинарска форма дозволува новинарот да го изнесе своето гледиште за одредени политики и за општествените премрежија, но притоа бара висок степен на познавање на проблематиката и придржување до фактите. Ако се отстапи од овие принципи, тогаш се влегува во сфера на манипулации, невистини, ширење дефетизам и страв кај читателите.

Рецензираме баш таква надворешно-политичка анализа, во која меѓу редовите се препознава спинот, амнестирање на актуелната домашна политичка елита од неуспехот во Брисел, како и сугестија на која страна треба да се „заврти компасот“. Поедноставно кажано, со сета сила се повлекува „рачната кочница“ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и се сугерира друга опција: „Сјајната дипломатска игра на велемајсторската репрезентација на Русија, доведе до драматично сменета ситуација на штета на  американските интереси“. Притоа, максимално се сатанизира ЕУ, Германија и Брисел и се употребува недоличен вокабулар со кој се навредуваат овие центри на европската политика. Но, да одиме со ред. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-154-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID68627_Ur34TPRDsXE-crop-resize

Во прилогот „Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни“  се претерало со величењето на владините економски успеси. Со сугестивниот наслов, поднасловот и самата конструкцијата на текстот (главата, изборот и редоследот на изјавите, заклучокот) добиен е еден апологетски извештај  од средбата на членовите на Владата со бизнисмените од Комората на Северозападна Македонија. Од  вака конципираниот телевизиски прилог се добива претстава дека во Македонија се случил некаков економски прогрес! Прочитај повеќе

nzss-0000001234-000567-crop-resize

Преку проблематичниот, сензационалистички, тенденциозен наслов, авторот на оваа проширена вест го воведува читателот во уште попроблематична текстуална содржина, која не дава одговор на основното новинарско прашање: зошто овие девојки се приведени и зошто против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Ниту пеењето, ниту танцувањето не претставуваат кривични дела, па следствено, читателот не може да се информираа зошто овие девојки се нашле во ситуација за нив да има основано сомнение дека сториле кривично дело. Дури и кога текстот би открил зошто девојките се приведени, во ниеден случај јавноста не би можела да „види како изгледаат“ поради тоа што на таков начин би се кршела пресумпцијата на невиност. Прочитај повеќе

Сител-Телевизија-www_sitel_mk_mk_huligan-crop-resize

Новинарот може да одбере повеќе начини како да компонира вест, но таа во секој случај мора да ги содржи основните елементи на оваа новинарска форма. Тоа подразбира да одговори на оние пет фамозни прашања кои ги повторуваме во „секоја“ рецензија. Во овој случај рецензираме „нешто“ што би требало да се нарече вест, но е далеку од тоа. Прочитај повеќе

FireShot-Гробот-на-Александар-Македонски-е-кај-Свети-Николе-Нова-Македонија-crop-resize

Написот изобилува со претпоставки и шпекулации. Егзактното е измешано со метафизичкото. Математички, астрономски и геометриски пресметки се толкуваат со метафизички и митолошки аргументи. Самопрогласени експерти се претставуваат како самостојни истражувачи без да се провери нивното професионално портфолио. Недостига аналитички пристап во третирањето на темата. Место објективно информирање на јавноста предноста им е дадена на шпекулациите на соговорниците кои се извори на информациите. Прочитај повеќе

Next Page →