Крај-на-цивилизацијата-што-ја-знаеме-Нова-Македонија-www_novamakedonija_com_mk-crop-resize

Анализата како новинарска форма дозволува новинарот да го изнесе своето гледиште за одредени политики и за општествените премрежија, но притоа бара висок степен на познавање на проблематиката и придржување до фактите. Ако се отстапи од овие принципи, тогаш се влегува во сфера на манипулации, невистини, ширење дефетизам и страв кај читателите.

Рецензираме баш таква надворешно-политичка анализа, во која меѓу редовите се препознава спинот, амнестирање на актуелната домашна политичка елита од неуспехот во Брисел, како и сугестија на која страна треба да се „заврти компасот“. Поедноставно кажано, со сета сила се повлекува „рачната кочница“ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и се сугерира друга опција: „Сјајната дипломатска игра на велемајсторската репрезентација на Русија, доведе до драматично сменета ситуација на штета на  американските интереси“. Притоа, максимално се сатанизира ЕУ, Германија и Брисел и се употребува недоличен вокабулар со кој се навредуваат овие центри на европската политика. Но, да одиме со ред.

FireShot Screen Capture #080 - 'Крај на цивилизацијата што ја знаеме - Нова Македонија' - www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_aspЛинк до оригиналниот напис: Крај на цивилизацијата што ја знаеме

Датум и време на објавување: 23.12.2013,  12:30

Датум на рецензирање: 29.12.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Во анализата нема повикување на официјални извори (освен на едно место каде се спомнува Евростат во контекст што е периферен за централната тема). Повикување на: „најугледните аналитичари кои хорски предупредуваат: Брисел ја води Европа во пропаст“, може, но и не мора да биде вистина, бидејќи ни еден од тие „најугледните“ не е спомнат со име и презиме. Затоа, можеме оправдано да се посомневаме во она на што се „предупредува“ и пошироко во она што е напишано.

Извори на информации: За главните тези дека: „европската цивилизација е во агонија и пропаѓа и овој процес со ништо не може да се  спречи, а секој обид ќе биде неуспешен“…, „Брисел е нешто како политички Франкенштрајн“… и слични конструкции со кои се навредува и сатанизира ЕУ и Брисел, не се наведени никакви извори.

Содржајност: Ако новинар во анализа пласира тези кои не може да ги поткрепи со факти, „Европската цивилизација според сите индикатори се наоѓа во претсмртна агонија, остаре и веќе не продуцира нови вредности“... ако употребува вокабулар недоличен за новинарската професија со цел да ја омаловажи политиката на целата ЕУ и најмоќната светска сила САД, „Брисел е нешто како политички Франкенштајн, маска зад која се крие Германија, НАТО е завеса од чад зад која самоуверено ѕирка Пентагон“… тогаш не може да се зборува за содржајност, туку за свесна манипулација со читателите за тие да се убедат дека стратешките определби на државата за приклучување кон ЕУ и НАТО се грешка и заблуда на претходните владејачки елити и дека е време земјата да се сврти на друга страна. А ,таа друга страна овде е силно нагласена: „За разлика од фијаско кој САД го доживеа во Сирија, а на пат се тоа да им се случи и во Иран, имаме сјајна дипломатска игра на велемајсторска репрезентација на Русија…, која сака тоа да биде врежано во главите на секој Европеец“.

Пристрасност: Зад отворена критика и сатанизирање на политиките кои ги водат ЕУ и САД „ЕУ со една глупава одлука создаде услови на нејзината територија да се отвори крупно жариште…, …“НАТО е клуб што ништо не работи“ меѓу редовите се крие отворена пристрасност кон Русија и православните земји …„сјајна дипломатска игра на велемајсторска репрезентација на Русија…“,  „…засилена поделбата кај европската популација на богатиот север и сиромашен југ, на православен исток и католичко реформистички запад…“.

Коментирање: Првиот дел од анализата е експлицитен коментар со кој се внесува немир и страв кај читателот „Не ни е намера да плашиме …туку да носиме правилни одлуки  во исклучителчно тешкиот период кој ќе има последици  врз целиот свет“… Небаре се подготвува катаклизма или трета светска војна за која мораме да бидеме подготвени: „нашата цивилизација според сите индикатори се наоѓа во претсмртна агонија, гледајќи ги знаците на она што неминовно следува низ Европа, на настаните треба да гледаме рационално и ладнокрвно, да носиме правилни одлуки во драматичниот и  динамичен период кој следува“…

Оригиналност/Плагијат: Оригинален новинарски производ со потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Сензационалистички, вознемирувачки и заплашувачки: „Крај на цивилизацијата што ја знаеме“, небаре нѐ чека катаклизма и потоп.

Фотографија: Вознемирувачка.

Говор на омраза: Експлицитен кон ЕУ, САД, НАТО: „ЕУ со глупава одлука создаде криза“… , „Брисел ја води Европа во пропаст, Брисел е политички Франкенштајн зад кој се крие Германија“…, „Европа не може да пости како цивилизација, Европа нема ни репродуктивна моќ,  на просторот што е „слбоден“ се населуваат мигранти“,  процут на расизмот и фашизмот не е случаен, тој е реакција на смртник што не сака да се соочи со  вистината“…

Заклучок: Овој новинарски производ има точно одредена целна група и својата цел. Наменет е за онаа публика која „традиционално“ следи написи, преку кои, пак, упорно се крева рачна кочница на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и се кочи демократизацијата на општествените процеси. Текстот меѓу редови ја амнестира Владата од одговорност за неуспехот да се добие датум за почеток на преговорите за приклучување кон ЕУ. Како во онаа Езопова басна „Лисицата и грозјето“, во која откако лисицата никако не можела да го дофати и да го скине, таа се завртела и рекла: „никаво е и кисело е“. На ист начин овде се опишува и до крај се „успева“ да се сатанизира ЕУ и нејзината политика, при што таа се прикажува како погрешна, опасна, дестабилизирачка, во интерес на одредените центри на моќ… која ќе ја уништи европската цивилизација: „Европската цивилизација се наоѓа во претсмртна агонија и овој процес со ништо не може да се спречи“. Ваквите тврдења со ништо не се поткрепени, нема опипливи факти „за пропаст на цивилизацијата“ што значи дека тие претставуваат обична конструкција.

Неспорно е дека ваков новинарски производ има негативна улога во општеството – шири антиевропско расположение, деструктивен е кон ЕУ и НАТО, ги мами читателите, шири лошо чувство, завист, омраза, пакост, страв, паника…

Со еден збор, ова е вербална пироманија која како пожар може да се прошири и да не оддалечи од патот кон ЕУ и НАТО за кои многупати досега со огрмоно мнозинство граѓаните на Македонија се имаат изјаснето дека претставуваат наша стратешка определба.

При пишување анализа, според стандардите, мора да има придржување до фактите врз основа на кои се донесуваат заклучоци. При изнесувањето на аргументите мора, исто така, да се држи балансот „за“ и „против“. Треба се да избегнуваат нејасни аргументи, или едноставно кажано, текстот треба  да биде логичен и содржински исправен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУреден за веб

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори