FireShot-Screen-Capture-206-Ставрески_-Во-Македонија-законите-се-почитуваат-crop-resize

„Шеќеринска се осврна на, како што наведе, корупцискиот скандал во Турција и повикувајќи се на тврдење на директор на Халк банк оти од дел од парите што во кутии за чевли биле најдени кај него дома, милион евра биле наменети за Македонија, праша како тој износ пари стасал од адреса во Турција во Македонија и за кого биле наменети“.

Ова е извадок од веста во „Курир“ од седницата за пратенички прашања во Собранието на РМ, каде пратеничката Радмила Шеќеринска ја отвори темата за скандалот во Турција, поврзан со „Халк банка“, што доведе до оставки во кабинетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во кој се откри дека 950 илјади евра нелегално влегле и во Македонија. Веста го задржува соодносот меѓу прашањето и одговорот во сразмер од барем 1:3, па речиси не знаете што прашува пратеничката, ама имате опширен одговор од министерот! Прочитај повеќе

vecer_com_mk_default_asp_ItemIDF0D83B00CFE475499AE17A3D82C097E6-crop-resize

Пред нас е еден крајно тенденциозен текст, во кој е целосно извртена поентата од дебатата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во него преку класичен спин во насловот и во поднасловот, најголемата опозициска партија се конфронтира со целата новинарска фела. Ставот, пак, што го искажа СДСМ во текот на седницата:

„со двата закона власта ќе ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите и затоа СДСМ нема да учествува во овој чин на историско газење на слободата на изразување “ (Игор Ивановски),

а го пренесоа дел од медиумите, ( можеше  да се види и на директниот пренос на седницата, како и на снимката од собраниската расправа за споменатите законски решенија) нема никаква врска со конструкцијата што се пласира во јавноста. Прочитај повеќе

Што_загубија_Либијците_со_смртта_на_Гадафи-crop-resize

Текстот “Што загубија Либијците со смртта на Гадафи”, објавен пред една година, е препишан од интернет каде што можат да се најдат десетици слични текстови, на повеќе јазици, каде што се набројуваат добрите страни на режимот на Гадафи. Македонскиот портал, кој го преведува, се задоволил со превод на овој текст кој што својот извор најверојатно го наоѓа во про-Гадафи пропагандата што ја има во изобилство на интернет. Читателот без познавања за Либија ќе биде убеден дека сите Либијци биле среќни и се прашува зошто светот ги поддржа силите што бараа крај на владеењето на Гадафи. Ниту еден збор не е оставен за да се објасни репресијата на која беше подложен либискиот народ за време на овој режим.

Карактеристика на политичкиот систем во Либија е контрастот помеѓу социо-економските придобивки од државниот удар во 1969 година и политичката репресија која стапува на сила потоа. Со доаѓањето на власт на Гадафи, Либија влегува во кус период на либерализирана политика и демократија, но овој период се затвора по само три години, во 1973 година, кога тој одлучува да ѝ сврти грб на средната класа која верувала дека се ќе воведе демократија. Од страв да не ја изгуби власта, режимот останува затворен и го става општеството под контрола. Медиумите не се независни и критиката кон власта станува непожелна.

Овој текст не дава ни збор објаснување за овие контрадикции на општеството кои не донесоа демократија. Прочитај повеќе

3679563650_ba4c54fe85_b

Холандска кампања за поддршка на муслиманските жени: „Треба ли себеси да се оставите дома кога излегувате надвор“, вели написот. Нејзината цел е „нормализирање“ на присуството на традиционалната женска муслиманска шамија – хиџаб по улиците на градовите. Фото: Niriel

 

Кога индивидуа или институција постапува согласно со прифатените норми на одредена заедница во однос на конкретни групи (етнички, религиозни, возрасни, родови) со негативни последици за членовите на овие групи, може да претпоставиме дека станува збор за структурна дискриминација.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

 

Структурната дискриминација е специфичен вид на дискриминацијата. Вообичаено се манифестира низ, или се затскрива зад рутини, вообичаено однесување, општествено прифатливи постапки. Структурната дискриминација се повикува на правилата, нормите, рутините, моделите на однесување… Настапува во моментот кога последиците (резултатите) од примената на одредени правила на однесување, рутини, традиции, вообичаени практики и друго, создаваат услови во кои одредени луѓе (припадници на ранливи групи) не можат на еднаков начин со другите да ги остварат основните права и слободи. Прочитај повеќе

Тетке ве молам не викајте полиција-crop-resize

„Госпоѓо немојте да викате полиција, затоа што ја украдов чоколадата. Немав што да јадам дома, а бев многу гладна“, рекло со солзи во очите деветгодишно девојче кое било фатено од страна на продавачката во еден дуќан како краде.“

Вака почнува текстот со впечатлив наслов: „Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна“,  кој, без да посочи извор, локција  и време, на  читателската публика ѝ сервира една прилично чувствителна  приказна.  Никаде во написот не е наведено каде и кога се случува настанот, па се добива впечаток дека изгладнетото девојче, кое е принудено да краде чоколадо, е од нашето соседство.  Всушност, приказната уште пред три недели е објавена на еден хрватски портала потоа преземена од други хрватски и босански медиуми, од каде е најверојатно „позајмена“  и македонската верзија. Начинот на кој е пласиран овој материјал, вклучително и фотографијата  на која е прикажан тажниот лик на едно девојченце, се коси со основните професионални и етички стандарди на пренесување на информацијата. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →