„Азилот е човеково право“ – графит пред избегличкиот центар во Салцбург. Фото: Peter Engel, 2009

„Азилот е човеково право“ – графит пред избегличкиот центар во Салцбург. Фото: Peter Engel, 2009

 

Прво, политичарите го промовираа, а новинарите го прифатија терминот „лажни азиланти“. Потоа, овој термин го поврзаа со визната либерализација. На крај, решавањето на проблемот со „лажните азиланти“ стана услов за опстојување на визната либерализација.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

 

Во првиот дел на анализата на визната либерализација (Визи, азил човекови права: Визната либерализација – остварување на слободата на движење како човеково право) го обработивме прашањето на слободата на движење.

Во овој дел ќе се задржиме на азилот. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-186-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID70313_Uuln__ldVe-crop-resize

Пред нас е еден пристрасен прилог со тендециозен со наслов: „Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?“, кој алудира на тоа дека постои  мистерија околу некаков луксузен стан на заменик претседателката на СДСМ. Иако, Шеќеринска на прес-конфернција објсани за каков стан се работи. Односно, јасно кажа дека:

„Станува збор за надоместок од страна на фирмата во која работи нејзиниот сопруг за трошоци за станот во кој живее со семејството“

И наспроти  просторот што му е отстапен на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски , кој ја прозва Шеќеринска за стан што таа го пријавила во анкетниот лист, нејзиниот одговор е сметен во само две-три реченици на крајот од текстот и е целосно маргинализиран.  Авторот на овој материјал, очигледно, го сметал за небитен ставот на Шеќеринска и го игнорирал при изборот на насловот. Прочитај повеќе

28-00098076-000098-crop-resize

Очигледно станува практика да се пласираат текстови кои се без елементарно објаснување, без какви било извори, со целосно отсуство на цитирани изјави или, пак, соговорници, со „нудење“ некакви податоци без тие соодветно да бидат аргументирани… Ова го велам, имајќи го на ум токму конкретново „новинарско парче“, ако така може да се нарече. Во структурата на написот имаме „кој“ и „каде“, иако и тоа е дискутабилно, но затоа пак, немаме „што, кога, како и зошто“. Овде ни се сервира крајно непроверена и непоткрепена информација која не ги задоволува најбазичните елементи кои треба да ги има една вест. Прочитај повеќе

Љубовна афера ја тресе владината коалиција-crop-resize

Жолт печат, морализирање и политичка пристрасност. Ова се главните карактеристики на текстот што го рецензираме. Првото прашање што ќе си го постави читателот, кој е медиумски претпазлив и скептичен, е зошто на напишаното треба да му верува и кои аргументи непотпишаниот автор му ги нуди за да го убеди во евентуалната вистинитост на изнесеното. Освен тоа, дури и кога би била вистинита приказната, каде е јавниот интерес од нејзиното објавување? Од текстот не е очигледна ниту една причина поради која две лица од различни партии не би смееле да бидат во врска. Прочитај повеќе

01302014-Kurir-za-Tanja-Mil-crop-resize

Во чиј интерес се тривијалните и безначајни информации, освен што стануваат еден од генераторите на тривијалните општества? Во таквите тривијални медиумски содржини спаѓаат и оние кои без аргументи, најчесто вперени против приватноста на одредени личности, се прикажуваат како суштински за да учествуваат во вреднувањето на општествените феномени.

Во таа насока, кога е новинарството во прашање, членот 10 од Кодексот на новинарите е јасен:

„Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“

Уште повеќе, авторите на новинарските кодекси препознале дека е можно новинарите самите да се претворат во алатки што загрозуваат човекови права и дека е можно некој да ги злоупотреби за таа цел, па креирале уште еден член, во нашиот случај тоа е членот 16, во кој се повикува:

„Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.“

За жал, веќе подолго време, пресметките меѓу новинарите се главни вести во медиумите кај нас. Прочитај повеќе

Next Page →