a1on-boriska-crop-resize

„За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област. Тој постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континент, каде што имал и пријатели“.

Во трката по сензации, која во нашиот мал простор со многу медиуми, наликува на гладијаторска борба за внимание, А1он објавува шокантна приказна за момчето Боришка кое наводно дошло од планетата Марс.

Текстот е застарен, бидејќи првите написи за момчето во рускиот печат се појавија во 2005 година. Дел од домашните медиуми и една агенција неколку години потоа се изнапишаа за овој „феномен“, па сега се прави обид да се игра на заборавност на читателите или да се пренесе некој извор што тоа го прави. Од незнаење или не, ова е навистина тажна појава која го урнисува нивото на новинарството. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-018-pistol-crop-resize

Веќе со сензационалистички интонираниот наслов овој напис прави обид да креира случај, сензација, во чие средиште ќе биде претставник на најголемата опозициона партија во државата. Но, како што ќе покаже содржината на текстот, насловот, всушност, го открива мотивот кој стои во позадина, а тоа е и по цена на евтина манипулација да се создаде негативен сентимент, вознемиреност или одбивност кон нешто што го носи предзнакот СДСМ. Иако непотполн, насловот „Пратеник на СДСМ со пиштол“ ќе имаше некаков резон доколку тој пратеник сторел нешто со пиштолот – го носел или го употребувал без дозвола, или на некој друг начин ги кршел стандардите и нормите на однесување. Но, откако информацијата во целост ќе се исчита, ќе стане јасно дека тоа не е случај. Прочитај повеќе

Причина-повеќе-зашто-не-треба-да-го-ставате-телефонот-под-перница-I-A1ON-crop-resize

Во 21 век, човекот со големи чекори напредува во освојување на новите технологии, а животот стана незамислив без Wi-Fi уредите и мобилната телефонија. Безжичниот интернет и рутери кои емитуваат сигнали се секаде околу нас, а нивното влијание на човековиот и на другите живи организми сѐ уште не е поптполно истражено и јасно. Затоа, оваа област буди голем интерес и кај медиумите. Меѓутоа, при обработка на вакви теми потребна е голема претпазливост и знаење. Во спротивно, може да се згреши, публиката да се доведе во заблуда,  да се вознемири и исплаши од содржината која не е реално пренесена.

Рецензираме новинарски производ кој треба да ја покаже штетноста на зрачењето на рутерите и мобилните телефони, а видеото, всушност, го докажува спротивното што медиумот не го нагласил. Затоа и го рецензираме. Прочитај повеќе

Новинарите-на-СДСМ-биле-овоштари_-kurir_mk_makedonija_vesti_145904-crop-resize

Не така ретко во домашниот медиумски простор во последно време ќе прочитате нешто што треба да биде некој вид новинарски производ, но за жал, тоа не е. Таков е примерот со текстот што носи наслов „Новинарите на СДСМ биле овоштари?“. Иако по формата личи на вест, ова писание нема врска со новинарството, зашто не е направено според низа професионални, уште помалку етички стандарди, а нема врска ниту со некои основни логички премиси. Станува збор за спин, преку кој се дискредитирани личности од јавниот живот. Прочитај повеќе

27-0987-009988700-crop-resize

Види ја Венеција и умри“, или тоа беше за некој друг преубав европски град?! Како и да е, оваа изрека употребена за многу места, досега, барем јас, немам слушнато да биде искористена за Солун. Сме чуле за: „Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна“, ама не и за тоа дека на, на пример, „Солун е како Венеција“. Прашувате што има врска Венеција со Солун во конкретниот текст. Е, тоа и јас се чудам. Зошто? Затоа што во написот се зборува за Солун, а на фотографијата ни се појавува Венеција. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →