02272014-Denesen-Rusija-Kri-crop-resize

Како тргнала работата со некои од медиумите во Македонија, сега е само прашање до каде може да се оди во креирање на медиумски конструкции за кои нема никаква реална поткрепа. Се прашуваме како некој новинар и уредник на еден онлајн медиум на Балканот, кој нема никакви новиарски професионални ресурси, ниту, пак, посериозни контакти во Украина и црноморскиот регион, да си помислат дека можат да бидат медиум кој на светско ниво можат да објават вест која во насловот гласи „Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина”. Така категорично и недвосмислено.

Како ли било можно медиумот што ја објави оваа вест да помисли дека една ваква информација може да публикува пред „УНН” (Украинска национална новинска агенција), пред „Раша тудеј”, пред „ИТАР-ТАСС”, или пред „Си-Ен-Ен” или „Би-Би-Си”.

Возможно е само како конструкција која нема никаква врска со реалноста. Но, тоа не е новинарство. Тоа е крајно несериозна постапка која е опасно манипулативна. Којзнае кому му служи?

Следува рецензијата на оваа вест за да ги поткрепиме овие наши тврдења. Напоменуваме дека рецензијата се однесува на вест објавена за наводна фактичка состојба на 26 февруари во 18:33 часот. Прочитај повеќе

Online-republika_mk__p208787-crop-resize

„Можно ли е екс советникот на Бранко Црвенковски и актуелен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции  во социјацдемократскиот сојуз да не знае за неговата кандидатура?“

Ваквата дилема се поставува само навидум и тоа како вовед во еден крајно тенденциозен и некоректен  текст од почетокот, па се до последниот ред.  Уште со навредливата интонација на насловот со кој е озаглавен овој материјал:  „Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата“,  се открива намерата за  дискредитација на најголемата опозициска партија и нејзиниот потенцијален кандидат за претстедателските избори.  Ваквиот потег не само што е целосно непрофесионален, туку е и неетички. Тој се коси со повеќе одредби од  Кодексот на новинарите и е во спротивност со назнаките во Прирачникот за етиката во новинарството.  Прочитај повеќе

NetPress-netpress_com_mk_sdsm-povtorno-so-scenario-za-protesti-vo-makedonija-crop-resize

Текстот што е пред нас нема авторски потпис, нема кредибилни извори, нема факти и воопшто нема амбиции да ја прикаже вистината. Но, затоа натежнува од обвинувања и конструкци со видлива намера да се оцрни опозицијата и да се дискредитира „Маршот за достоинство“, најавен за в сабота (1 март) во пет минути до 12 часот. Овој новинарски производ  просто зрачи од тендециозност и тоа е видливо  од самиот наслов: „ СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија“, преку содржината, вклучително и изборот на фотографиите, кои ја заокружуваат манипулативната порака што им се испраќа на читателите.  Уште во првата реченица од текстот без никакви аргументи и со невидена леснотија се искажува опасно обвинување дека опозицијата, наводно, подготвува сценарио за дестабилизација на државата!

Опозициската СДСМ, применувајќи силен притисок врз своето партиско членство, подготвува да предизвика немири во Македонија, почнувајќи од протест кој наголемо се организира за в сабота

Пласирањето на  ваква потпалувачка провокација на само еден ден пред протестот  што го организираат невладини органицазии  (Македонската платформа за борба против сиромаштијата, заедно со иницијативата 8-ми Септември),  претставува демонстрација на неодговорност кон јавноста. Прочитај повеќе

Американскиот претседател Џон Кенеди пред општинскиот парламент Schoneberg во Берлин за време на неговиот историски говор во кој ги искажа зборовите „Ich bin ein Berliner“ на 26 јуни 1963 година. Неполни 5 месеци подоцна тој ќе биде жртва на атентат во Далас, Тексас. Фото: jimmerbond

Американскиот претседател Џон Кенеди пред општинскиот парламент Schoneberg во Берлин за време на неговиот историски говор во кој ги искажа зборовите „Ich bin ein Berliner“ на 26 јуни 1963 година. Неполни 5 месеци подоцна тој ќе биде жртва на атентат во Далас, Тексас. Фото: jimmerbond

  • Ниту еден медиум не им понуди на граѓаните анализа, или барем претставување, на надлежностите на Претседателот на државата.

  • Во ниту еден од медиумите не е анализиран изборот на претседател на државата низ призмата на актуелната политичка ситуација во Република Македонија, меѓународниот контекст во кој треба да делува идниот претседател и/или основните предизвици со кои треба да се соочи.

  • Третиот елемент кој медиумите требаше и треба да го адресираат се искуствата од активноста на досегашните претседатели. (…) Само со анализа на направените грешки и научени лекции, може да се напредува и да не се повторат направените пропусти.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права
Прочитај повеќе

zaev_osuden_danok-00998877-crop-resize

Текстот станува интересен за рецензирање уште од насловот, поради тоа што во него не е јасно издвоено дека не станува збор за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку за негов роднина (трет братучед). Оттука читателот добива погрешно пренасочување на вниманието, односно насловот „залажува“ дека станува збор за друго лице, односно за претседателот на СДСМ. Новинарот можел да разграничи и да допрецизира на кого се однесува пресудата. Понатаму, интересно е да се забележи дека оваа вест се презентира во предизборен период, а пресудата е изречена пред 5 месеци. Прочитај повеќе

Next Page →