NetPress-netpress_com_mk_sdsm-povtorno-so-scenario-za-protesti-vo-makedonija-crop-resize

Текстот што е пред нас нема авторски потпис, нема кредибилни извори, нема факти и воопшто нема амбиции да ја прикаже вистината. Но, затоа натежнува од обвинувања и конструкци со видлива намера да се оцрни опозицијата и да се дискредитира „Маршот за достоинство“, најавен за в сабота (1 март) во пет минути до 12 часот. Овој новинарски производ  просто зрачи од тендециозност и тоа е видливо  од самиот наслов: „ СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија“, преку содржината, вклучително и изборот на фотографиите, кои ја заокружуваат манипулативната порака што им се испраќа на читателите.  Уште во првата реченица од текстот без никакви аргументи и со невидена леснотија се искажува опасно обвинување дека опозицијата, наводно, подготвува сценарио за дестабилизација на државата!

Опозициската СДСМ, применувајќи силен притисок врз своето партиско членство, подготвува да предизвика немири во Македонија, почнувајќи од протест кој наголемо се организира за в сабота

Пласирањето на  ваква потпалувачка провокација на само еден ден пред протестот  што го организираат невладини органицазии  (Македонската платформа за борба против сиромаштијата, заедно со иницијативата 8-ми Септември),  претставува демонстрација на неодговорност кон јавноста.

FireShot Screen Capture #206 - 'СДСМ повторно со сценарио за протести I NetPress' - netpress_com_mk_sdsm-povtorno-so-scenario-za-protesti-vo-makedonijaЛинк до оригиналниот напис: СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија

Датум и време на објавување: 27.02.2014, 17:28

Датум на рецензирање: 28.02.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Написот има сериозни проблеми со вистинитоста. Тој не се потпира на факти, туку  сите наводи се произволно нафрлани. Од текстот не може да се види врз основа на што неименуваниот автор ги темели тврдењата дека:

….СДСМ се подготвува да предизвика немири во Македонија, почнувајќи од протест кој наголемо се организира за в сабота.

 

Терминот на протестот, кој треба да се одржи наводно како собир на социјално незадоволни граѓани, е планиран намерно за во сабота денот кога ќе се одржи конвенцијата за претседателски кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

Не се исклучува опцијата за време на протестот намерно да бидат предизвикувани инциденти, односно да бидат искршени возила, излози и друг имот.

Интересно е и тоа што,  како главни организатори на „планот за немирите“ се посочуваат Миле Зечевиќ и Кире Наумов, бидејќи Зечевиќ, како што е наведено,

„во времето на влаедеењето на СДСМ, беше на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање“,

а Наумов

„беше забележан од објективите на фоторепортерите на протестот на наводните стечајци, кој се одржа пред Владата пред околу една недела.“

Иако делува чудно, дури и смешно, но овие податоци  за медиумот биле  „силен аргумент“ за да им се налепи етикетата за организирање на заговорничко сценарио против сопствената држава! Прашање е зошто вооопшто  се проблематизира нечие излегување на протест, кога тоа право е загарантирано со Уставот. И зошто на протестот на стечајците  може да има членови од ВМРО-ДПМНЕ (како што изјавуваа дел од луѓето кои протестираат), а не смее да има симпатизери или членови од другите партии?

Текстот понатаму „открива“ дека:

…учесниците на протестите ќе бидат довезени во Скопје, главно од општините во кои е СДСМ на власт, поточно од Струмица и од Куманово. За трошоците биле задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини.

Но, и ова спектакуларно откритие не е поткрепено со докази.

И, се разбира, овој фабрикуван новинарски производ не би бил комплетен ако во „заговорничкото сценарио на опозицијата“ не се спомене и Сорос!

…во финансирањето вклучени се и испоставите на СОРОС во земјава, поточно во делот на трошоците за превоз на партиските членови кои треба да бидат донесени во Скопје, односно оние кои треба да настапат под превезот на стечајци и социјално загрозени граѓани.

Иако, написот не нуди ниту еден елемент кој може да укаже на некаква релевантност на изнесеното тврдење.

За тоа какви се „квалитетот и веродостојноста “ на материјалот што го рецензираме говори и фактот што попладнето  организаторите на  „Маршот за достоинство“ испратија демант во кој, меѓу другото, реагираат и за интенцијата протестот да се обои партиски.

„Во интерес на објективно и вистинито новинарско известување на јавноста  ве известуваме дека на 1 март 2014 година (сабота) во 11.55 часот, со почеток од пред Собрание на РМ ќе се одржи „Марш против сиромаштија“, кој ќе продолжи со „Концерт за достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на граѓани – Македонска платформа против сиромаштија и неформалната граѓанска иницијатива 8-ми Септември. Датумот избран за нашиот настан е чиста коинциденција и не е точно дека „е планиран намерно за во сабота денот кога ќе се оддржи конвенцијата за претседателски кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ“, како што е наведено во текстот кој го демантираме. На настанот ги покануваме сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, партиска, или друга припадност, со цел да придонесат во борбата против сиромаштијата“

Извори на информации: Текстот не се потпира на  кредибилни извори, ниту пак посочува соговорници. Во написот се користат добро познатите фрази „ наши извори“ и „неофицијални информации“, за да се протуркаат во јавноста  „драматичните сознанија“ кои медиумот ги пласира со нагласена доза на загриженост.

Содржајност: Станува збор за целосно едностран и наменски  скроен текст. Очигледно е дека текстот е граден врз  шпекулации издигнати и пласирани на ниво на „целосна вистина“, без притоа воопшто да се има намера да се побара став од  другата страна  – опозицијата и организаторите на „Маршот за достоинство“.

Пристрасност: Неаргументираните и силни обвинувања изкажани на адреса на опозицијата јасно покажуваат на која страна е наклонет текстот. Додека едната страна (опозицијата) жестоко се критикува, другата (владејачката партија)  се воздигнува:

СДСМ за сопствени политички цели сака да создаде турболенции и напнатост во земјава, со цел дефокусирање на јавноста во Македонија од конвенцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот избор за кандидат за претседател, кој според досегашните анкети и рејтинзи е убедлив фаворит за нов претседател.

 Коментирање: Коментаторските елементи може да се забележат низ целиот  текст, бидејќи тој не пренесува  информација, туку шпекулација, која треба да се „зачини“ за да им прозвучи уверливо на читателите. Па, така на пример, за да се засили манипулативниот ефект на четивото се констатира:

….членството на СДСМ глумеше стечајци, незадоволни земјоделци, незадоволни граѓани од изградбата на новите објекти и споменици во Скопје, и други разно разни социјално незадоволни граѓани.

 

Досега, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ организираше дузина вакви сценарија за немири и политичка дестабилизација во Македонија,

 

….и постојано на протестите го користи своето членство кое го претставува според потребите на својата дневна политика.

Оригиналност/Плагијат: Текстот, вообичаено, е без авторски потпис.

Квалитет на насловот: Насловот е сугестибилен и искажува сериозно обвинување за кое  во текстот не се нудат аргументи.

Фотографија: Написот е илустриран со неколку фотографии кои треба да бидат своевиден „доказ“ дека СДСМ се подготвува да провоцира немири. На нив се гледаат членови на СДСМ ( Кире Наумов) присутни на протестот на стечајците пред Влада , потоа прикажан е автобус со таблички од  Струмица , а на една фотографија е Радмила Шеќеринска во прегратка со лидерката на стечајците, Љиљана Ѓеорѓиева.

Говор на омраза: Целиот материјал е насочен кон дискредитација на опозицијата, но во него се нарушува угледот и на конкретни личности (Зечевиќ и Наумов) кои се посочуваат како главни актери во „сценариото за политичка  дестабилизација на државата“.

Заклучок: Овој новинарски фабрикат  во кој се прекршени сите професионални и етички стандарди, претставува чисто спинување на вистината за днево-политички интереси. Тој има за цел да ја нападне опозицијата и да креира атмосфера на страв и несигурност пред одржувањето на Маршот на сиромаштијата. Впрочем, неслучајно во текстот е искажано предупредувањето:

Не се исклучува опцијата за време на протестот намерно да бидат предизвикувани инциденти, односно да бидат искршени возила, излози и друг имот.

Појавата на овој шпекулативен  материјал истовремено на неколку сајтови дополнително го засилува ваквиот впечатокот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори