02272014-Denesen-Rusija-Kri-crop-resize

Како тргнала работата со некои од медиумите во Македонија, сега е само прашање до каде може да се оди во креирање на медиумски конструкции за кои нема никаква реална поткрепа. Се прашуваме како некој новинар и уредник на еден онлајн медиум на Балканот, кој нема никакви новиарски професионални ресурси, ниту, пак, посериозни контакти во Украина и црноморскиот регион, да си помислат дека можат да бидат медиум кој на светско ниво можат да објават вест која во насловот гласи „Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина”. Така категорично и недвосмислено.

Како ли било можно медиумот што ја објави оваа вест да помисли дека една ваква информација може да публикува пред „УНН” (Украинска национална новинска агенција), пред „Раша тудеј”, пред „ИТАР-ТАСС”, или пред „Си-Ен-Ен” или „Би-Би-Си”.

Возможно е само како конструкција која нема никаква врска со реалноста. Но, тоа не е новинарство. Тоа е крајно несериозна постапка која е опасно манипулативна. Којзнае кому му служи?

Следува рецензијата на оваа вест за да ги поткрепиме овие наши тврдења. Напоменуваме дека рецензијата се однесува на вест објавена за наводна фактичка состојба на 26 февруари во 18:33 часот.

02272014-Denesen-Rusija-KriЛинк до оригиналниот напис: Видео: Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина

Датум и време на објавување: 26.02.2014, 18:33

Датум на рецензирање: 27.02.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Оваа медиумска конструкција нема вистинитост во себе. Тоа го образложуваме во воведот на оваа рецензија, како и во делововите за изворите на информации и на содржајноста на веста. Со оваа своја постапка авторот на оваа вест и медиумот го прекршиле членот 1 од Кодексот на новинарите кој вели:

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“

Извори на информации: Ваква информација никако не може да се пласира така како што е објавена. Една толку сериозна тема која може да силно влијание во глобални размери е објавена само со една општа фраза – „јавуваат руските медиуми”. Кога ќе проверите дали навистина руските медиуми „јавуваат” нешто такво ќе видите дека нема ништо од тоа.

Еве еден преглед на настаните во Украина и Крим на најголемата руска новинска агенција ИТАР-ТАСС. Нема ни „в” од „Војската на Путин стигна на Крим…”. Исто така, таква информација нема ниту на веб страницата на Украинската национална новинска агенција. Уште повеќе, таму има вест дека одреден број оклопни возила на Руската армија, кои биле забележани на 100 километри од Севастопол, се вратиле назад во својата база.

Да не зборуваме дека ниту Си-Ен-Ен, ниту Би-Би-Си немаат ниту слична ваква вест. „Најжешката вест” на Би-Би-Си на оваа тема е „Ukraine: Russian combat troops on high alert near Crimea“.

Содржајност: Во однос на новинарскиот пристап кој треба да обезбеди сеопфатност, информации плус, слободно можеме да видиме дека нема ништо од тоа. Една ваква вест, доколку беше вистинита, ќе беше поткрепена со дополнителни бекграунд информации за акцијата, на структурата на армиските сили…

Наместо тоа, имаме едно „домашно” видео од 22 секунди снимено од автомобил во движење со кое се регистрира колона воени возила на некој пат без никакви дополнителни информации за тоа каде е снимено, кој го објавува… Освен тоа самото видео носи датум од 23.02.2014 што воопшто не одговара на актуелноста на веста дека „војската на Путин СТИГНА на Крим…”.

И последниот апсолутно погрешен и манипулативен „факт” дека „11 илјади припадници на руската Црноморска флота дошле од Сочи на Крим”. Црноморската флота на армијата на Русија е на Крим со договорот помеѓу Украина и Русија од 1948. Тое не беше доведено во прашање дури ни во 1954 година кога Украинецот Никита Хрушчов, тогаш Претседател на Президиумот на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз ѝ го подари полуостровот Крим на Украина. Статусот на Крим како автономна федеративна единица на Украина, потврден во 1990 година, не го промени договорот во врска со базата на Црноморската флота за која беше договорено дека ќе остане на Крим до 2047 година.

Значи, трупите на Црноморската флота не стигнаа – тие се на Крим.   

Квалитет на насловот: Во насловот се крие целата манипулација и сосема погрешна информација што сака(ше) да ја афирмира оваа вест.

Фотографија: Фотографијата е, исто така, дел од манипулациите во оваа медумска содржина. Пребарувањето низ интернет нѐ доведе до веб страницата на руската новинска агенција РИА и веста со наслов „Russia starts large-scale military drills in Far East“ од 2010 година. Една од фотографиите на таа вест од 1010 година, за воените вежби на руската армија, е токму фотографијата што ја објавува медиумот чија „вест” ја рецензираме.

Заклучок: Што да заклучиме? Што да се заклучи, освен „заклуч катанец“ за вакво новинарство. Или, ако толку милуваат вакви псевдовести, нека се декларира медиумот како „кромид“ за да не ги доведува во заблуда читателите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен извор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори