Online-republika_mk__p208787-crop-resize

„Можно ли е екс советникот на Бранко Црвенковски и актуелен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции  во социјацдемократскиот сојуз да не знае за неговата кандидатура?“

Ваквата дилема се поставува само навидум и тоа како вовед во еден крајно тенденциозен и некоректен  текст од почетокот, па се до последниот ред.  Уште со навредливата интонација на насловот со кој е озаглавен овој материјал:  „Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата“,  се открива намерата за  дискредитација на најголемата опозициска партија и нејзиниот потенцијален кандидат за претстедателските избори.  Ваквиот потег не само што е целосно непрофесионален, туку е и неетички. Тој се коси со повеќе одредби од  Кодексот на новинарите и е во спротивност со назнаките во Прирачникот за етиката во новинарството. 

Во написот  се забележува еден своевиден куриозитет во новинарската пракса. Фактички, целиот текст е конструиран за да докаже дека веста што ја објавил некој друг портал е апсолутна вистина. И, иако делува нелогично, но самиот медиум за себе  вели дека, всушност, објавил невистина! Со оглед на тоа што со сите сили се обидува да ги убеди читателите дека изјавата  што медиумот ја добил од Стево Пендаровски е неточна. Досега  не се случило  некој медиум  да побара и да добие екслузивна изјава од засегната личност во конкретен настан, а потоа, таа иста изјава да ја обезвреднува, оценувајќи ја како невистинита и со целосна довреба да се потпре на неофицијална и непотрдена информација што ја пласирал друг портал! 

„Во денешната изјава за „ Република“ Стево Пендаровски која што може да се третира како крајно потценувачка и за медиумот и за јавноста тој вели дека тој со никого не разговарал за кандидатурата за претседател што е контрадикторно со вчерашната инфорамција на Прес 24“

FireShot Screen Capture #204 - 'Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата I Република Online' - republika_mk__p=208787Линк до оригиналниот напис: Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата

Датум и време на објавување: 26.02.2014, 13:50

 

Датум на рецензирање: 27.02.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Во написот е пренесен  дел од изјавата на Пендаровски (дадена за овој  портал). Но, неименуваниот автор на текстот, се определува да се повика на неофицијална информација пласирана на друг сајт и добиена од анонимни партиски извори. Притоа, целосно се става во одбрана на таа информација, меѓутоа не нуди аргументи,  туку зад параванот „целата јавност знае“ паушалните сознанија ги претставува  како добро позната вистина. Па во тој контекст вели:

Како и опозиционите медиуми и членовите на СДСМ и целата јавност знае дека Стево Пендаровски, кој постојано е гледан во канцелариите на Заев и Шекеринска во седиштето на партијата, е најсериозниот за кандидат за претседател предложен од Бихаќка. Што е причината за ваквиот негирачки однос на социјалдемократите и Пендаровски кои, иако целата јавност знае дека тој ќе биде кандидат, сѐ уште кријат што е договорено на релација Црвенковски Заев Пендаровски.

Исто така, не може да се потврдат ниту другите наводи во текстот:

Пендаровски доколку не биде назначен и договорен пред партискиот конгрес на истиот да се соочи со други кандидати при што би можел да не ја добие поддршката од крилата во СДСМ кои што одбиваат сѐ уште да работат по налог на екс претседателот Црвенковски.

 

Раководството на СДСМ сепак денеска не се занимава со кршењето на внатре партиските демократски процедури или расчистувањето со влијанието на Црвенковски во партијата туку со бркање на кртовите кои што брифираат за кандидатурата на Пендаровски.

 

…најголемиот сомнеж е кај двајца високи членови на СДСМ кои што имале информации за договорот за Пендаровски, а имаат добри односи со широка лепеза на медиуми.

Извори на информации: Иако е посочен еден официјален извор, „крунскиот доказ“ за сите тврдења во написот се темели на еден неофицијален извор и на анонимни партиски извори.

Содржајност: Текстот е едностран, тој има јасна определба да ја игнорира втората страна на приказната.  Бидејќи, наспроти тоа што медиумот добил изјава од Пендаровски, сепак, не верува во кажаното и дополнително го користи како „оружје“ за уште посилен напад против него.

Пристрасност: Овој материјал е целосно неизбалансиран. Во него се препознава силна наклонетост кон владејачката партија, а некои формулации прозвучуваат дури додворувачки:

Пендаровски мора да се срами и кажува дека не знае ништо иако целата јавност знае се за состојбите во СДСМ. Во исто време на другата страна ВМРО – ДПМНЕ која СДСМ ја напаѓа како недемократска јавно ги објави или ги потврди сите информации за пријавените кандидати и иницијативите за поддршка како што тие доаѓаа во партијата.

Коментирање: Текстот е коментаторски скроен, почнува и завршува во коментаторски стил:

Останува енигма прашњето зошто и СДСМ и Пендаровски ја кријат вистината кога Пендаровски постојано е во штабот на партијата каде што Советот за Безбедност и НАТО интерграции заседава еднаш месечно, а досега јавноста не чула за ниедна иницијатива на оваа тема од најголемата опозициона партија. За што разговараат Пендаровски и Заев и Шекеринска ако не за кандидатурата за претседател, и тоа на нецели два месеци пред изборната трка.

Квалитет на насловот: Насловот е прилично проблематичен. Иако е  даден е во форма на прашање,  искажува тврдење и притоа користи навредлив речник што се граничи со невкус:

„Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата“

Фотографија: Написот е илустриран со три фотографии – портрети на Заев, Црвенковски и Пендаровски, кои треба да го засилат  впечатокот дека  меѓу нив има некаков таен договор.

Говор на омраза: Во текстот нема говор на омраза, меѓутоа со употребата на недоличниот говор во насловот целиот напис  добива навредлив тон.

Заклучок: Материјалот што го рецензираме ставен  во контекст на  актуелниот политички момент, може да се смета за добро пресметан спин.  Ова критизерски настроено четиво, што го пренесоа повеќе медиуми, просто тежи од обвинувања. Од самиот старт се забележува интенцијата  да се нападне опозицијата во пресрет на изборот и номинацијата на нивниот претсетдателскиот кандидат. Интересно е што споменатата изјава на Пендаровски, сајтот сосема коректно ја објавил  во написот насловен : „Пендаровски за „Република“: Никој не ме прашал дали сакам да бидам претседател.“ А кои се причините, поради кои порталот четири часа подоцна  за истата изјава го става Пендаровски на столбот на срамот,  не е тешко да се претпостави.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори