Овој напис го има и на: Албански

Нe очекува криза ако не се смени курсот на денарот Нова Македонија-crop-resize

„Вредноста на денарот со години е преценета во однос на еврото и доколку Народната банка и Владата не преминат од фиксен кон променлив девизен курс, нашата земја неизбежно ќе доживее финансиска криза, покажува истражувањето „Теоретски аспекти и мерење на реалниот девизен курс“ што за Народната банка уште во 2007 година го направија реномирани домашни економски експерти. Во овој труд се анализира реалниот девизен курс од 1995 до 2004 година, при што се оценува дека курсот на денарот отстапува од своето долгорочно рамнотежно ниво до 8 отсто“.

Во медиумите чија инвестициска основа е крупниот капитал малку-малку па се појавуваат текстови кои сугерираат напуштање на фиксниот курсот на денарот кон кошничката светски валути; всушност, се сугерира девалвација на денарот, со што некои фирми, кои се големи извозници, преку ноќ стекнуваат големи пари врз основа на нововоспоставените курсни односи на денарот кон западните валути.

Ова е еден таков текст кој се обидува да даде и некаква научна базираност на тоа барање, но повикувајќи се на застарени оценки на тројца несомнени авторитети, кои, згора, не се сосема прецизно толкувани, а написот дури предизвика и реакција на еден од нив! Прочитај повеќе

29-0009988-098-sdsm-vlast-2016-crop-resize

По читањето на текстот се прашав каде е „кристалната топка“, која, очигледно, е изворот на наведените информации. Значи, на едно место толку насобрани предвидувачки, па ако сакате и шамански моменти одамна немало. Навистина, станува збор за „ептен“ далекусежен материјал кој „гледа“ што ќе се случи не неколку месеци, туку неколку години однапред. Можеби се позајмени аналитичари на геостратешки организации, што владини, што невладини, кои врз основа на РЕАЛНИ согледувања се ОБИДУВААТ да изготват карта на можни идни движења на настани во одредени региони? Не верувам, иако топло би се израдувал некој македонски медиум да има таква можност да соработува со тој вид институции. Нејсе, ваквиот тип написи, односно анализи, како што кажува нивното име, треба пред се да се одликуваат со тези разработени врз база на факти, реални согледувања, актуелна политичко-општествена ситуација, кредибилни извори и соговорници, висок степен на упатеност во внатрепартиската состојба и сето тоа фино спакувано во содржински „пакет“ кој најчесто е четиво наменето за строго профилирана публика, а не за „широки народни маси“. Тешко дека овој напис ги задоволува претходно наведените критериуми. За сметка на тоа, тој се одликува со една друга карактеристика – спинување. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-023-lazno-pismo-crop-resize

Веќе првата реченица навестува „драма“ – „Овој документ докажува дека СДСМ стои зад денешните протести“ е лаконско тврдење на авторот на написот и тоа се потпира на документ со „конспиративна“ содржина, без задолжителниот печат и потпис на потпишаниот функционер на Социјалдемократскиот Сојуз, Миле Зечевиќ, во кој тој ги повикува општинските организации во Скопје да делегираат свои членови, кои „дискретно“ ќе присуствуваат на протестите на стечајците пред Владата. Автентичноста на писмото е проблематична, бидејќи и на лаик му е јасно дека вакво писмо со било каква содржина, лесно може да се фалсификува, а објаснувањето дека тоа е пронајдено на социјалните мрежи, повеќе звучи како изговор отколку како објаснување кој е изворот на информацијата. И додека медиумите кои не ѝ се наклонети на опозицијата симултано објавија дека опозицијата го организирала протестот на стечајците, носејќи организирано луѓе од Струмица и Куманово, писмото „ги организира“ исклучиво активистите од шесте скопски општини. Прочитај повеќе

7564785088_7fc41229db_z

Ново раководство, Фото: leoherbert, 2012

 

Како прво, треба да се прифати дека новинарите не се најдобрата целна група за справување со промени. Новинарите се скептични, а некои и екстремно цинични. Тие бараат докази за тоа што им се кажува, за причините заради кои се нaметнуваат промени. Новинарите сметаат дека луѓето што ги најавуваат промените за доброто на компанијата треба да бидат убедливи и смирувачки говорници кои потребите за промени ги поткрпеуваат со факти. Доколку не е така, новинарите ќе бидат скептични. Не „купуваат“ неаргументирани најави.

 

Пишува: Зоран Бојаровски

 

Постојат многу книги и препораки за тоа како да се однесуваат луѓето за време на промени во бизнисот. Најголем дел од нив ги напишале менаџери кои се повикуваат на теориите и на искуствата од различните модели на промени и се обидуваат да укажат на некои универзални процеси и препораки како да се однесуваат менаџерите и вработените во време на промени. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански

dnevnik-1-crop-resize

Коректноста на овој текст е ставена под знак прашалник од две страни директно засегнати во содржината која се пласира. Имајќи го тоа на ум се наметнува дилема и за целокупниот интегритет на понудениот материјал кој во одредени делови, врз основа на новинарската методологија, не успева до крај и прецизно да ги „додржи“ конструкциите кои ѝ се сервираат на публиката. Тука, пред сѐ, мислам на отсуството на кредибилни и јасно наведени извори, кои, секако, во голем степен би помогнале да се уверат читателите дека во раце држат производ кому може да му се верува. Ова четиво, во најмала рака, има „проблематична“ природа која понатаму ќе ја анализираме. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →