Статистика-бележи-раст-на-платите-во-јануари-трендот-че-продолжи-до-крајот-на-годината-crop-resize

Рецензираме вест од  дванаесет реда во кои има осум граматички и словни грешки. Во брзина да се изрекламира уште еден „успех“  на Владата и да се покаже „благосостојбата“ во која живеат граѓаните, се заборавило пред објавување да се прочита текстот. Така, на читателите им е пласиран смешен, полн со грешки, несодржаен и нејасен новинарски производ за некакви статистички движења кои покажуваат генерален пораст на платите на сите вработени во државата, а посебно во секторот транспорт и градежништво, што треба да асоцира на посветеност на Владата која гради, создава и остварува. Прочитај повеќе

092-098-009988-crop-resize

За жал, пред нас имаме текст што остава впечаток на гола пропаганда и покажува дека од две неспоиви премиси дефинитивно ќе се дојде до нелогичен заклучок. Кога се мешаат баби и жаби и сето тоа за политички поени што треба да ги ќари некоја од партиите, неизбежниот резултат е пристрасноста. Во членот 14 од Кодексот на новинари пишува:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Неуверливиот пристап во мешањето на државното со личното име на еден од кандидатите за претседател, ние го толкуваме како пристрасност и обид за манипулација. Прочитај повеќе

210-0987-009988-crop-resize

„За наслов во основа се избираат кратки, ефектни комбинации од зборови кои малку траат, многу кажуваат. Идејата за насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата на текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото“ – Новинарски жанрови.

Кога овој сегмент од новинарската теорија ќе се спореди со новинарската практика – конкретниот текст составен од само три пасуси, веднаш се гледа дека нешто сериозно „не штима“. Прочитај повеќе

Ескперти  Пендаровски е клучниот верификатор на погубната политка на СДСМ и Црвенковски   Press24-crop-resize

Ова е уште еден од серијалот текстови што нагласено се труди да му наштети на кандидатот на опозицијата за претседател на државата. Па, со цел колку што може повеќе да се оцрни неговата личност, се копа се подлабоко и подлабоко  и „доказот“ задолжително мора да се пронајде  во некаква комбинација со експретседателот на државата и поранешен лидер на СДСМ. Овој пат спектакуларното откритие е дека „гревот“ на претседателскиот кандидат на СДСМ е територијална поделба од 2004 година:

„И тогаш Пендаровски беше клучниот верификатор на погубната поделба на земјата по етничка линија и албанизацијата на Кичево, Струга и Скопје“

Но, обландирано како оценка на двајца „експерти“. И тоа едниот пратеник од владејачката партија, а другиот  познат во јавноста по тоа што секогаш неговото мислење, онака случајно, коинцидира со она на власта!  Згора на сѐ, тоа се претставува како генереален став на целата експертска јавност, што во најмала рака е претенциозно. Прочитај повеќе

Новинарскиот шатор на Белмонт Универзитетот пред одржувањето на претседателската дебата Обама-МекКејн. Фото: Paul Chenoweth, 2008

Новинарскиот шатор на Белмонт Универзитетот пред одржувањето на претседателската дебата Обама-МекКејн. Фото: Paul Chenoweth, 2008

 

Во принцип, дебатата би требало да се оддржи дури и ако нема интерес кај една владејачка партија. Избирачите имаат право на медиумска дебата. Новинарите имаат право на медиумска дебата. Сите кандидати имаат право на медиумска дебата, и тоа право не смее да биде ускратено

 

„Новинарите имаат должност и привилегија да одат во потрага и да известуваат за вистината, да охрабруваат граѓанска дебата, која ќе ги гради нашите заедници и да му служат на јавниот интерес“, „Principles for Ethical Journalism“, The Canadian Association of Journalists.

 

Новинар(к)ите и медиумите имаат должност и привилегија да ја охрабруваат политичката дебата, особено пред избори. Недостатокот од отворена политичка дебата пред избори е сериозен показател за загрозена слобода на изразувањето.

Прочитај повеќе

Next Page →