Ескперти  Пендаровски е клучниот верификатор на погубната политка на СДСМ и Црвенковски   Press24-crop-resize

Ова е уште еден од серијалот текстови што нагласено се труди да му наштети на кандидатот на опозицијата за претседател на државата. Па, со цел колку што може повеќе да се оцрни неговата личност, се копа се подлабоко и подлабоко  и „доказот“ задолжително мора да се пронајде  во некаква комбинација со експретседателот на државата и поранешен лидер на СДСМ. Овој пат спектакуларното откритие е дека „гревот“ на претседателскиот кандидат на СДСМ е територијална поделба од 2004 година:

„И тогаш Пендаровски беше клучниот верификатор на погубната поделба на земјата по етничка линија и албанизацијата на Кичево, Струга и Скопје“

Но, обландирано како оценка на двајца „експерти“. И тоа едниот пратеник од владејачката партија, а другиот  познат во јавноста по тоа што секогаш неговото мислење, онака случајно, коинцидира со она на власта!  Згора на сѐ, тоа се претставува како генереален став на целата експертска јавност, што во најмала рака е претенциозно.

Ескперти  Пендаровски е клучниот верификатор на погубната политка на СДСМ и Црвенковски   Press24Линк до оригиналниот напис: Експерти: Пендаровски е клучниот верификатор на погубната политика на СДСМ и Црвенковски

Датум и време на објавување: 27.03.2014, 12:47

Датум на рецензирање: 28.03.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

КОНСТРУКЦИЈА „ГОЛЕМОТО ПРЕДАВСТВО“

Материјалот што го рецензираме се потпира на две изјави (за едната е наведено дека е дадена за друг медиуми нема сомнение дека тие се точно пренесени. Проблемот е во тоа што исказите на кои се гради конструкцијата за „големото предавство“, не може да се потврдат.

Па, така, едниот аналитичар вели дека во 2008 година од висок претставник на ДУИ му било кажано дека тие:

…немаат никаков долг кон Црвенковски затоа што тој како политичар го добил од нив тоа што го барал. Имено во 2004-та договорот меѓу ДУИ и Црвенковски бил тие да му дадат нему што сака, а тој да им возврати со тоа што тие го сакаат. Црвенковски посакал од ДУИ 5-годишен мандат со полнење на кутии, ДУИ посакале од Црвенковски, Кичево, Струга и Скопје со Кондово, Сарај, двојазична општина, двојазичен град (Антонио Милошоски)

Но, текстот не нуди докази за да ги убеди читателите дека навистина имало таков „таен договор“. Од друга страна, нејасно е зошто Милошоски за ова молчел цели осум години и го обелоденува во екот на кампањата за претседателските избори?  И зошто токму сега се досетил  дека „за да се заврши тој процес  (договорот ДУИ –Црвенковски)  доминирала кампањата  на Шеќеринска: Некои прашања не заслужуваат одговор“,  а морало да има и „човек од доверба којшто требало да ги верификува референдумските резултати (2004)“  – Стево Пендаровски!

Приказната која ѝ се сервира на публиката се заокружува со тврдењето на другиот експерт:

„Најнов настан од тоа исто сценарио е барањето за консензуален претседател“ (Ристо Никовски)

кое во текстот се пласира како неприкосновена вистина, иако, всушност е целосно непоткрепено, бидејќи, освен обвинувања, во написот не може да се прочита конкретно врз основа на кои аргументи се темелат критиките упатени на адреса на личностите кои се ставаат на столбот на срамот.

 

ПОРИВ ЗА НАВРАЌАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА

Ако навистина се имало намера да се  биде објективен ќе ѝ се дадело можност и на втората страна да го каже своето мислење. Настрана мотивите зошто неимануваниот автор на текстот во овој момент добил порив да се навраќа на периодот кога се правеше територијалната поделба (пред точно десет години).

За да се добие еден  реален приказ за улогата на конкретни политички личности во тоа време, требало  да се каже и дека законите врзани за локалната самоуправа и за територијалната поделба се обврска преземена со Рамковниот документ од 2001 година. Познато е  дека зад овој документ застанаа и СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и тогашната ПДП, а гарант на договорот беше меѓународната заедница. Не е тешко да се претпостави зошто овој момент воопшто не се споменува во текстот.

Исто така,  можело да се побара став  и од други аналитичари. Со сиот респект кон личностите кои се споменуваат во написот, сепак, тие не може да се третираат како независни. А, уште помалку да се стави знак на равенство меѓу нивното гледиште и перцепцијата на целата експертска јавност во државата.

  

ГЛОРИФИЦИРАЊЕ НА ВЛАСТА

Изборот на експертите, како и самата конструкција на текстот јасно покажуваат наклонетост кон партијата на власт. Пристрасноста е забележителна уште од првата реченица напишана во коментаторски манир и насочена да го дискредитира Пендаровски.

„Барањето на ДУИ за консензуален кандидат и обидот на СДСМ да го наметне Пендаровски кај Албанците е уште една етапа во процесот на продажба на националните интереси за личен профит кој започна со територијалната поделба во 2004-та“

А, наспроти силните обвинувања искажани на сметка на Пендаровски, Црвенковски и Шеќеринска, се глорификува улогата на премиерот и лидер на владејачката партија, како и на актуелниот шеф на државата и кандидат за претседател номиниран од ВМРО-ДПМНЕ .

Територијалната поделба и неуспешниот референдум кој беше силно поддржуван од Груевски како лидер на опозицијата и Иванов како професор и дел од експертската јавност биле цехот кој Црвенковски им го платил на ДУИ за полнењето кутии и добивањето на претседателскиот мандат кој исто така беше верификуван од Пендаровски. На 7-ми ноември 2004 та пропадна обидот на опозицијата предводена од Груевски со референдум да каже не за територијалната поделба на земјата. Причина беше недостигнувањето на цензусот поради силната кампања на власта…

 

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Овој текст, кој остава впечаток на наменски скроено четиво, истовремено беше објавен на неколку медиуми во иста форма и со иста фотографија. Што не е првпат, туку редовна појава со написите во кои се напаѓа опозицијата, или нејзиниот фаворит за претседателските избори. Тоа, пак, говори за оригиналноста на ваквиот тип новинарски производи .

Доминатната фотографија со која е илустриран написот е билборд од кампањата против референдумот во 2004 година: „Некои прашања не заслужуваат одговор“. И таа е ставена во функција да ја засили манипулативната порака на текстот. Написот е озаглавен со тенденциозен наслов, насочен да го дискредитира Пендаровски. Впрочем , целиот  материјал е политички некоректен и со јасна критизерска интонација. И што уште да се каже за оваа медиумска содржина во која потфрлиле  новинарските стандарди кои подразбираат балансирано и непристрасно известување за политичките процеси, посебно  за изборите. Освен, дека за жал, нема некои допирни точки со професионалното и етичко новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори