Девојче на еко демонстрации за воведување на данок на загадувачки гасови. Источен Мелбурн, Сојузна држава Викторија, Австралија. Фото: Luisa Billeter, 2011 година

Девојче на еко демонстрации за воведување на данок на загадувачки гасови. Источен Мелбурн, Сојузна држава Викторија, Австралија. Фото: Luisa Billeter, 2011

 

Забраната за политичка присила и организирање на децата не значи забрана тие да се интересираат за политичките случувања, да контактираат со политичарите, да влијаат на процесите на одлучување. Децата се рамноправни граѓани на Република Македонија и треба да бидат третирани како такви.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

Прочитај повеќе

29-0987-00998877-crop-resize

Материјалот нема каква било допирна точка со информативно новинарство, бидејќи не одговара на основните критериуми за една вест: кој, што, каде, кога, како. Оттука, текстот не носи новост. Ако нема јасна информативна, или некаква основна аналитична компонента, тогаш се поставува прашањето која е целта на неговото објавување, или поточно која е суштината на неговото постоење? Одговорот е многу едноставен: создаден е бидејќи сме во предизборна кампања за претседател на државата! Значи, поентата не е да информира, анализира, па дури и да шпекулира, туку само да омаловажува личност која, секако, не е од саканиот табор. Прочитај повеќе

03252014-Patriotizmot-na-Da-crop-resize

Текстот што го рецензираме е еден од оние репрезенти на онлајн „новинарството” за кои никогаш не знаеш што се, на кој жанр му припаѓаат: личи на колумна, мислење, коментар, но, освен што нема потпис на авторот, што е еден од елементарните елементи на овие жанрови, нема ниту графичко укажување во дизајнот дека се работи за колумна. Прочитај повеќе

novamakedonija_com_mk_DetalNewsInstant_asp_vestInstant32510-crop-resize

Станува збор за куса вест која известува за самоубиство во Битола, но на сосема погрешен начин. Всушност, дискутабилно е дали воопшто требало да се информира јавноста за овој трагичен настан, со оглед дека не е во прашање јавна личност. Во анализата објавена на страниците на Сервисот за проверка на факти од медиумите: (Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиствата?, м-р Жарко Трајаноски укажува дека медиумите не треба да ги покриваат сите случаи на самоубиство, туку само некои. Прочитај повеќе

Crvenkovski-09800009870-crop-resize

Текст кој упорно се труди да пропагира нешто, да агитира. Вест која упорно сака да докаже нешто, што според досегашните закони на природата, не се докажува. И впрочем текст кој сака сосила да ни наметне некое мислење, а тоа го прави дури и по малку агресивно, со постојано повторување на фразите, на поимите и на термините. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →