Заев-и-Шекеринска-во-мртва-трка-кој-претседател-на-СДСМ-доживеал-најтежок-пораз-kurir-crop-resize

Рецензираме провиден, циничен, некоректен и одмазднички текст кој наликува на извештај од фудбалски натпревар  во кој се редат поразите на тимот кој треба да испадне од лигата. Конципиран без потпис на авторот  и без содржина која би можела да се нарече креативен и коректен новинарски производ. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-032-mrtva-zena-crop-resize

Фотографија на мртва жена покриена со чаршав, легната на плочник, бомбастичен наслов кој раскажува сѐ , куди и осудува, непотребна драматизација, пристрасно коментирање и некоректен однос кон засегнатите страни, сето ова е проблем во врска со текстот кој е предмет на рецензијава. Разголувањето на интимата на еден човек во моментот на неговата смрт, недостоинственоста на ситуацијата во која тој го завршил животот, болката на најблиските, кои треба да се соочат и со смртта на саканата личност, сето тоа е дополнето и со сеирџискиот сензационалистички пристап во известувањето во овој напис, кој е евидентен.   Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански

Бездомни кучиња спасиле паднат човек на паркинг-CROP-RESIZE

Основната причина поради која се решивме да го рецензираме овој текст е аголот на приказната и нејзината необичност, а во исто време едноставност. Човечката димензија во новинарските текстови, особено кога се третираат теми од општествениот живот кои ретко се пишуваат надвор од шаблонот, веднаш паѓа во очи и им дава на сториите веродостојност. Човечката димензија ја прави оваа сторија интересна за читање и го моделира јавното мислење суптилно и аргументирано. Таа на „герилски“ начин влијае врз јавното мислење, при што се претставува агол и страна на приказната која ретко е застапена. Во секој случај, за пофалба. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански

Ова е најубавата вест за денеска Press24-crop-resize-gore

 На една вообичаена, сосема регуларна сервисна информација која се однесува на временската прогноза ѝ се дава сосема невообичаен, претерувачки наслов кој не само што покажува став на авторот кон темата и е субјективен, туку и не соодветствува воопшто со содржината на текстот. Со други зборови, доколку едно нешто за некого е најубавата вест во денот, за друг тоа не е, а читателот самиот треба да донесе суд. Со датумот на објавување на текстот коинцидира и верскиот празник Велигден, па се наметнува и прашањето дали читателот од христијанска вероисповед нема да помисли дека станува збор за објава поврзана со Христовото Воскресение. Прочитај повеќе

Приштина, 2011. Фото: Brankinha

Приштина, 2011. Фото: Brankinha

 

Вистинскиот дипломатски уредник, како и секој добар дипломат мора постојано и постојано да се движи на релацијата од една до друга крајност, а постојано фрлајќи око на – развојноста.

 

Пишува: Сашко Тодоровски, Дипломат од кариера / Ополномоштен министер

 

Во претходното размислување за Македонско- косовските односи, појдовме од една од најчестите грешки во известувањето за меѓународните односи – пренесувањето парцијална информација или тнр. грешка „pars pro toto“ – кога дел од едно цело го претставуваме, свесно или не, како целина, за да посочиме и елаборираме една клучна разлика меѓу дипломатот и новинарот: додека дипломатот во најголем број случаи не смее да ги обелоденува своите сомнежи и претпоставки, за еден квалитетен новинар тоа е една од основните алатки. Прочитај повеќе

Next Page →