1683919955_ba19f0f126_o

„Овде се соочуваме со нашите најдлабоки стравови…“. Фото: malik ml williams, 2007

 

Ќе ни престои ново отрезнување и закрепнување, нова транзиција – исто така мачна и долга.

 

Пишува: Зоран Иванов

 

Не дај Боже да падне оваа власт – дури е добро што таа не дава тоа да се случи. Ја јавнала волјата на малобројниот и од неа појармен македонски народ. Нам, на денешните негови изданки, очигледно ни годи мекиот тоталитаризам на каков што, од нас избраните партиски елити, нѐ навикнуваат и, за таквата ментална општествена состојба нѐ дресираат со по плус некои дваесетина евра просек по глава на жител. Само здравје и мир е нашиот семакедонски крик и… толку. Тоа што е се партиски подјармено, што нема јавност, слободни медиуми, јавен збор – тоа и онака секогаш било привилегија, а не право. Згора, во секоја заедница јавните ресурси им припаѓале и до нив ексклузивен пристап секогаш и секаде, па и сега во современите општества, имале едвај неколку проценти од населението. Тука, во оваа реалност почнува широката социјална слобода и тука завршува македонската демократија. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански, Англиски

04282014-Kurir-za-Dzabir-crop-resize

[Рецензија: Која е невладината „Цивил“?]

Членот 10 од Кодексот на новинарите е јасен:

„Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“

„Новинарскиот“ текст што го рецензираме ги прекршил речиси сите точки на препораките на овој член од новинарскиот кодекс. Текстот узурпира човекови права и слободи зашто проблематизира дека некој, или некоја организација, се бави токму со тие прашања; текстот „говори“ со јазикот на омразата и дискриминацијата: и, во него има неточни и нецелосни податоци во поврзани со проектот што за Советот за радиодифузија (СРД) го работел Џабир Дерала, првиот човек на „Цивил“, кој, всушност, е на сликата на оваа „новинарска потерница“. Прочитај повеќе

211-00998877660098-crop-resize

Тоа што е напишано во овој текст е премногу за кој било „читателски стомак“. Некои формулации, особено во првиот дел од написот, не се „варат“ ниту со силни лекови за подобра дигестија. Донекаде би било разбирливо, имајќи ја предвид политичката култура во земјава, таквите реченични конструкции да си најдат место во настап на некој политичар, но тоа да го стори еден медиум апсолутно  е неразбирливо. Изнесеното не само што е во спротивност со професионалните стандарди, туку е надвор и од критериумите за каков било вкус. Прочитај повеќе

netpress_com_mk_zaev-bara-da-ima-izbori-vo-makedonija-se-dodeka-sdsm-ne-pobedi-crop-resize

Станува збор за еден целосно необјективен напис кој просто тежи од тенденциозност уште од насловот: „Заев бара да има избори во Македонија се додека СДСМ не победи?!“  Во овој неизбалансиран и  политички некоректен текст, надвор од  востановените стандарди на етички исправното новинарство, во самиот старт е видлива намерата да се дискредитира  најголемата опозициска партија, пред сѐ, нејзиниот лидер. Притоа, не се избираат зборови за да се оцрни личноста на претседателот на СДСМ, а навредливиот тон се граничи со безобразие и примитивизам. Прочитај повеќе

111-098700998877-crop-resize

Професионално е и за пофалба да се известува за изборните нерегуларности. Улогата на новинарот на „куче-чувар“ на политичките процеси и коректор онаму каде што затајува правниот систем е од суштинско значење за демократијата.

Меѓутоа, за ова има граници. Новинарот може да посочи што видел, да биде сведок и да помага органите на власта да го спроведуваат правото. Ама, не може да им кажува што „треба“, зашто новинарите не се судии. Во оваа рецензија не ја спориме вистинитоста на она што сведокот новинар го видел, туку стилот на пишувањето, зборовите кои се користат како и сугерирањето. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →