05262014-MN-KomarecAleksand-crop-resize

Основниот проблем на тесктот што го рецензираме е што не е јасно определен жанровски. Доколку претендира да биде новинарски текст, тој има еден од најсериозните недостатоци што еден новинарстки продукт треба да ги има: релеватнтни и стручни извори кои ќе ги поткрепат тезите во него или барем ќе изнeсат мислења поврзани со тврдењата застапени во него.

Текстот не е ниту научна анализа, бидејќи некои од поконтроверзните тврдења во овој текст остануваат без неопходните методолошки референци за една научна статија.

Тексот, се осмелуваме да кажеме, не е ниту публицистика, зашто заради тоа што не е ниту новинарство, ниту наука и со тоа не е ниту публицистика, зашто таквите дела се своевиден спој на журнализмот и науката.

Да ги поткпрепиме овие наши тврдења низ рецензијата на овој текст. Прочитај повеќе

Го убиле со секири  копачи и ножеви поради велосипе Press24-crop-resize

Крв, секири, ножеви, лопати и убиен тинејџер. Веќе со насловот читателите се воведуваат во еден хорор-филм на полувистини и дезинформации околу убиството на 19-годишниот Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров. Се работи за една од првичните вести со кои јавноста беше информирана за трагичниот инцидент во кој животот го загуби младото момче, а кои потоа покренаа лавина на револт на граѓаните што ескалираше во немири со многу повредени и значителна материјална штета. Прочитај повеќе

„Пишувам приказни по цел ден“. Мрзливо новинарство. Фото: Tony Delgrosso, 2009

„Пишувам приказни по цел ден“. Мрзливо новинарство. Фото: Tony Delgrosso, 2009

Секој што има овластување да употреби сила, секогаш може да се доведе на тенката линија на прекршување на основните човекови права и слободи. Ова, пак, упатува на огромна претпазливост и на условено, ограничено користење на полициски информации во секоја прилика, но особено кога се известува од настани каде има нереди и каде полицијата употребува сила.

 

Пишува: Теофил Блажевски

Прочитај повеќе

Opposition Creek, сојузна држава, Колорадо, САД. Фото: Johnathan Warner, 2005

Opposition Creek, сојузна држава, Колорадо, САД. Фото: Johnathan Warner, 2005

 

Иако не беа саглам опозиција, Заев и дружината, какви-такви, сепак требаше да останат во Собранието. Насила, дури не се создаде нова опозиција. Зашто нема лезет без опозиција. Арно ама, сега е готово. Народот мора да си ја поправи грешката. Мора да роди опозиција. Ајде сите да му помогнеме на пастирот што побрзо Македонија да си најде опозиција

 

Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ

Прочитај повеќе

СДСМ-стои-зад-протестите-пред-Дрекслермаер-www_kurir_mk_makedonij-crop-resize

Преку наводното соопштение на Здружението на невработени „Солидарност за подобар живот“, без причина и без повикување на факти, отворена е  канонада против опозицијата и Фондацијата Сорос, дека се противници на Владината политика за привлекување на странски инвеститори и дека  со своите активности ги манипулираат вработените во фабриката „Дрекслермаер“ во Кавадарци, а се со цел: …„ директно да и нанесат штета на политиката на привлекување на странски инвестиции која креира нови работни места и се покажа како силен раздвижувач на економијата“...  Цитат кој стана стереотип во сите владини соопштенија и спинови на провладините медиуми. Изразувајќи оправдана сомнеж дека воопшто постои такво „соопштение“ , рецензираме напис за кој се тврди дека е „интегрален текст од соопштението на Здружение на невработени Солидарност за подобар живот“,  а всушност се работи за манипулација со читателите и скриена порака за засилување на владината политика. Еве ги нашите аргументи. Прочитај повеќе

Next Page →