Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски г.г. Јован VI. Фото: ПОА

Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски г.г. Јован VI. Фото: ПОА

 

Слободата на мислата, совеста и верата, претставува базично човеково право. Нивото на неговото практикување и заштита претставува еден од реперите за нивото на демократичност на една држава. Во услови на постоење на доминантни религиозни заедници и видлива врска меѓу етничката и верската припадност, може да се појават деформации кои тешко се идентификуваат. Медиумите имаат можност да ги адресираат овие деформации и да влијаат директно на јавното мислење.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевскаексперт за човекови права

 

(Првиот дел од анализата можете да го најдете овде)

Прочитај повеќе

Фондација отворено општество Македонија: 10 години работа на подобрување на образованиет оан Ромите. Фото: ФООМ, 2013

Фондација отворено општество Македонија: 10 години работа на подобрување на образованието на Ромите. Фото: ФООМ, 2013

На глодурот на ДПМНЕ му пречи намерата за што фондацијата Сорос ги доделува парите на медиумите – „за критика на Владата“. Критиката на власта, според него, не е легитимна цел на медиумите во демократијата!? Тогаш, каква улога сака тој да им припише на медиумите? Улога на билтени, пренесувачи на информации од власта до поданиците, пропагатори на владините политики, или можеби улога на џелати, оцрнувачи на опозицијата?

 

Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ

 

Главниот уредник на електронските и печатените билтени на ДПМНЕ деновиве лиферуваше памфлет во кој ги информира своите поданици оти фондацијата Сорос им дели огромни суми пари на медиумите блиски до СДСМ со што го убива слободното новинарство. Фондацијата лани им исплатила повеќе десетици илјади евра поединечно на медиумите блиски до опозицијата „за да ја критикуваат Владата и да градат критично мислење по секоја цена“. Прочитај повеќе

Безизлез. Фото: brian donovan, 2012

Безизлез. Фото: brian donovan, 2012

Зарем има нешто од она што го сведочиме секојдневно кога станува збор за состојбата на новинарството што веќе не е кажано, за што не е алармирано, протестирано? Не еднаш, туку постојано и постојано. А, работите се лизгаат удолу речиси непречено.

 

Пишува: Тамара Чаусидис

 

Пораката што како аманет ни ја остави Роберто Беличанец дека „тишината не е решение“ не ја спомнувам пригодно, заради тоа што измина една година како тој не е со нас, една година како секојдневно се уверувам дека максимата оти со време отсуството се намалува напросто не функционира, туку затоа што ова е мисла со која веќе подолго време се борам, полемизирам, се расправам, ја отфрлам и повторно и се навраќам. Прочитај повеќе

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕOhridsky-crop-resize

Личните податоци се нешто свето во демократијата. Затоа и постојат закони за тие да се заштитат. Притоа тие не познаваат дали се работи за невини, осомничени, обвинети, или обични граѓани. Значи, личните податоци се свети. Друга работа е што едно, исто така, свето правило во новинарството вели дека не смее да се изнесува целото име и презиме на осомничен или обвинет. И тоа од две причини. Затоа што тој е невин сѐ додека не се докаже спротивното, но и поради етичката димензија. Тука во овој текст ниту една од овие работи не е испочитувана. Затоа и го имаме за рецензија. Прочитај повеќе

25-09876-0980-crp-resize

Во конкретниот текст имаме селективност во пласирањето на информацијата. Со таквиот пристап се удира врз суштината на веста која, нејасно е зошто, ѝ се ускратува на домашната јавност, која, пак, е најдиректно засегната, но и оштетена, со нејзиното необјавување, или ако сакате, „заборавање“ да се наведе во написот. Прочитај повеќе

Next Page →