25-09876-0980-crp-resize

Во конкретниот текст имаме селективност во пласирањето на информацијата. Со таквиот пристап се удира врз суштината на веста која, нејасно е зошто, ѝ се ускратува на домашната јавност, која, пак, е најдиректно засегната, но и оштетена, со нејзиното необјавување, или ако сакате, „заборавање“ да се наведе во написот. 2

Линк до оригиналниот напис: Хрватска во таен брак со НСА

Датум и време на објавување:  22.06.2014, 15:25

Датум на рецензирање: 27.06.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

ЗОШТО СЕ КРИЕ ДЕКА И МАКЕДОНИЈА СВЕСНО СОРАБОТУВАЛА СО НСА?!

Селективноста со себе носи нецелосност во информирањето. Нецелосноста, пак, претставува сериозен сомнеж, а сомнежот во овој случај ги „тресе“ темелите на вистинитоста на текстот. Ако се прашувате зошто, одговорот е многу едноставен – затоа што е „испуштен“ т.н. крунски сегмент дека и Македонија е на списокот држави со кои семоќната американска НСА имала тајни договори за шпионирање.

Неразбирливо е како може да објавувате сторија, која несомнено е преземена агенциска вест за тоа дека и Хрватска е на тајната листа на НСА, да ги наброите останатите држави, а притоа да „заборавите“ да споменете дека и Македонија, според истражувањата на релевантни светски медиуми, се согласила да учествува во операцијата РАМПАРТ на НСА. Иако во текстот не е наведено, содржината јасно кажува дека веста е copy-paste, но за разлика од оригиналната верзија, во оваа варијанта Македонија е изземена. Други медиуми во земјава, пак, ја пренеле информацијата како што ја објавила агенцијата.

Искрено, мене многу помалку ме интересира дека Австрија, Белгија, Чешка или Унгарија соработуваат со „Големото уво на Американците“, од тоа дека мојата држава свесно се согласила НСА да ги шпионира македонските граѓани. Тој клучен елемент од приказната во овој напис не е наведен.

СЛАБ ОРИГИНАЛ, УШТЕ ПОЛОША КОПИЈА

Во овој случај околу изворите на информации нема што многу да се каже, бидејќи конкретниот текст целосно се потпира на агенциска вест, која, пак, од друга страна, како места од кои ги влече информациите наведува некои „хрватски медиуми“. Не е прецизирано кои се тие. Сигурно дека работата би била многу појасна ако малку повеќе се истражувало и притоа лесно ќе се увидело дека претходно неколку кредибилни медиуми ја објавуваат приказната во целост со се Македонија на листата земји-соработнички со НСА. Затоа, фер е да се нотира дека ниту првичната агенциска вест, ниту незјиното „селективно“ издание, кое е предмет на рецензија, не можат да се пофалат со некаква силна содржина.

Целосната слика за сериозноста на ситуацијата се добива дури по консултирањето на дополнителни извори. Конкретно, на пример не е небитен факт брзината со која американските служби можат да „симнуваат“ податоци за сите нас, како и тоа дека за возврат националните влади би имале увид во материјалите кои НСА ги добива од нивните земји. Народски кажано: „Ем волкот сит, ем овците на број“ – и владејачките гарнитури среќни, а Американците уште посреќни. Самиот текст не манифестира пристрасност, но отсуството на клучната информација, која директно ја засега македонската јавност, може да се разбере како сигнал за неизбалансираност. Како поинаку да се толкува потегот со „изземање“ на земјава од списокот држави кои активно соработуваат во најголемата шпионска активност во историјата.

„Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија“; „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи“.

Што повеќе да се каже како заклучок од тоа што веќе е напишано во Кодексот на новинарите на Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

целосна копија со „изземен“ важен елемент

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

ја промашува веста

некреативен

не ја кажува суштината

infoVistinitostФотографија

нема

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори