КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕOhridsky-crop-resize

Личните податоци се нешто свето во демократијата. Затоа и постојат закони за тие да се заштитат. Притоа тие не познаваат дали се работи за невини, осомничени, обвинети, или обични граѓани. Значи, личните податоци се свети. Друга работа е што едно, исто така, свето правило во новинарството вели дека не смее да се изнесува целото име и презиме на осомничен или обвинет. И тоа од две причини. Затоа што тој е невин сѐ додека не се докаже спротивното, но и поради етичката димензија. Тука во овој текст ниту една од овие работи не е испочитувана. Затоа и го имаме за рецензија.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ   OhridskyЛинк до оригиналниот напис: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ

Датум и време на објавување: 26.06.2014

Датум на рецензирање: 27:06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРЕКРШЕНИ ПРАВИЛА

Текстот е информација од полициски билтен. Оттаму се земни сите податоци, но мора да се напомене дека во билтенот на МВР нема цело име и презиме, туку само иницијали. Значи, медиумот самоиницијативно го објавил идентитетот на осомничениот и со тоа прекршил неколку правила од Кодексот на новинари.

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Целиот текст подолу е коректно пренесен од МВР. Но, спорен е насловот што го прави текстот неетички и го прекршува овој член од Кодексот на новинара:

7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост;

 

ПРОБЛЕМ СО НАСЛОВ И ФОТОГРАФИЈА

Самиот наслов е коментирање со што текстот добива друга димензија. Поради изнесувањето на идентитетот може да се заклучи дека се имало и пристрасност затоа што со тоа му е наенсена штета на обвинетиот по неговиот углед.

Текстот е оргинален не е преземен од никаде.

Насловот ја прави и најголемата грешка. Тој е виновникот за тоа што текстот се наоѓа тука.

Фотографијата, исто така, го крши Кодексот на новинари. Осомничениот е објавен и на фотографија што е спротивно на процедурите и стандардите за вакви вести.

Досега не ретко се објавувале вакви текстови. Посебно во локални медиуми каде што луѓето меѓу себе и повеќе се познаваат. Но, тоа не значи дека ако медиумот е повеќе насочен на информирање на локално ниво дека не треба да ги почитува сите новинарски правила. Секако дека треба, и во иднина не би смеело повеќе да се повторуваат вакви, да ги наречам почетнички грешки.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

нема

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори