ojmeee-09876-098-crop-resize

Фотографии преземени од српски веб-страници за ескорт-услуги се користат за создавање медиумски производ кој на ниеден начин не ги исполнува стандардите за „вест-вредност“, како што се информирање, образување или блискост. Така, многу едноставно се губи фокусот од она што медиумот, кој е општествено одговорен и агенда-сетер, може да го користи за да го задоволи јавниот интерес и да стане важен општествен чинител. Од новинарски аспект не можеме да видиме ниту една причина зошто овие фотографии и текст заслужуваат да се најдат во агендата на медиумот, освен сензационализмот. Прочитај повеќе

 

FireShot Screen Capture033-crop-resize

Во написот во крајно позитивно светло се пишува за Европскиот Универзитет како расадник на квалитетни кадри кои станале успешни менаџери. Ова не е никаков проблем доколку сопственикот на универзитетот не е истото лице кое е и сопственик на весникот во кој е објавен рецензираниов напис. И тоа можеби не би било проблем, доколку јасно се назначеше сопственичката поврзаност меѓу весникот и универзитетот, за читателите да го имаат предвид ваквиот судир на интереси. Но, ни тоа не е сторено. Прочитај повеќе

Новите законски проекти воопш=то не беа објавени на единствениот национален електорнски регистер на прописи на РМ. Фото: од насловната страница на Прирачникот за проценка на влијанието на регулативата, 2013

Новите законски проекти воопшто не беа објавени на единствениот национален електронски регистер на прописи на РМ. Фото: од насловната страница на Прирачникот за проценка на влијанието на регулативата, 2013

Во Република Македонија и јавната расправа и учеството на медиумите во неа, се случуваат post festum(по донесувањето на одлуките). Ова е во многу мала мера по вина на самите медиуми. Во услови на потполно отсуство на јавна расправа и во услови на донесување на голем број закони по скратена постапка, станува многу тешко вклучувањето на медиумите во расправа пред донесувањето на одлуката.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевскаексперт за човекови права

Прочитај повеќе

Лепа-Брена-тешко-повредена-во-сообраќајка-MKnews-crop-resize

[Рецензија: Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка!]

Брзината во пласманот на текстовите за повеќето интернет-портали е единствената стратегија за освојување на пазарот. Вториот дел од приказната е пласманот на таа вест преку агрегаторите на вести и Фејсбук. Нема ништо спорно во тоа, но кога некритички ќе се преземе некоја вест, и без проверка ќе се пласира, тогаш таквата вест со погрешни податоци, без разлика дали потоа е обновена со точни податоци, уште долго циркулира во интернет-сообраќајот. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-014-ФОТО_-СТРАШНО-crop-resize

Рецензираме фото вест од пет реда, чија единствена содржина е ширење страв и паника без серизона основа. „Страшно-змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско“ .

Изгледа дека заплашување на граѓаните и ширење паника стана главна политичка стратегија на извесни медиуми со што треба да се сврти внимание од реалните проблеми. Прво беше Азискиот стршлен, а сега е змија како од циркуска реклама: „Од глава до опаш долга 20, а од опаш до глава 30 метри“. Прочитај повеќе

Next Page →