Лепа-Брена-тешко-повредена-во-сообраќајка-MKnews-crop-resize

[Рецензија: Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка!]

Брзината во пласманот на текстовите за повеќето интернет-портали е единствената стратегија за освојување на пазарот. Вториот дел од приказната е пласманот на таа вест преку агрегаторите на вести и Фејсбук. Нема ништо спорно во тоа, но кога некритички ќе се преземе некоја вест, и без проверка ќе се пласира, тогаш таквата вест со погрешни податоци, без разлика дали потоа е обновена со точни податоци, уште долго циркулира во интернет-сообраќајот.

Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка    MKnews.mkЛинк до оригиналниот напис: Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка!

Датум и време на објавување: 25. 07. 2014

Датум на рецензирање: 28.07. 2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Фактите на кои се повикува веста се хрватските медиуми, но без линк, а потоа, подолу во обновената вест, се повикува на српски портал, со изјава на сопругот на Брена, Боба Живоиновиќ. Но, повторно без линк. Ако веќе хрватските медиуми потфрлиле со вистинитоста, а вас ве мрзи да проверувате, колку би ви била веродостојна обновената верзија со српскимедиум? А Брена е на одмор во Хрватска.  Шансите се пола-пола…

Веста на почетокот користи неофицијални информации, па потоа се повикува на изјава на сопругот на Брена. Написот има минимално ниво на сеопфатност, бидејќи најголемата балканска ѕвезда веќе децении наназад има свои менаџери и официјален пиар.

„Хрватските медиуми јавија дека Лепа Брена имала сообраќајка кај макарска и дека во моментов е на операција, но српскиоот Телеграф објави изјава на сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ, кој вели дека таа информација не е точна.

-Брена се лизна и падна во текот на појадокот. ја скрши раката и затоа е во болница – вели Живојиновиќ.“

Дури и обновениот дел од веста е неточен, бидејќи проверените информации покажаа дека Брена ги скршила двете раце, а не едната.

Написот како компилаците од пишувањето на хрватските и српските медиуми најпрвин пласира невистина. Со подоцнешното повикување на официјална изјава, штетата само малку се поправа, бидејќи останува погрешниот наслов кој „влече“ на агрегаторите на вести и Фејсбук.

Со наведувањето дека „пишуваат хрватските медиуми“, без наведен автор и линк, текстот е своевидна „копија од општа насока“.

Насловот дезинформира, и е некреативен, сензационален и нејасен. Од него наопаку тргнува целата збрка подолу во текстот.

Поговорката дека „брзата кучка слепи кучиња раѓа“ не еднаш се покажала како точна. Иако брзината во пласманот на вестите за многу медиуми е основната логика на функционирање, штетите со погрешна информација знаат да станат прилично тежок баласт во стекнувањето доберба кај читателите.

Во Кодексот на новинарите јасно се наведуваат принципите кога станува збор за брзината на известувањето:

Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора.

 

Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.

 

Потребата од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кредибилитетот и професионалноста на прилогот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

донекаде

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

целосно прикажува вистина

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

целосна копија

наведен извор без линк, наведен извор со линк

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФотографија

има

несоодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има само еден

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори