Pavleski Kina investicii-crop-resize

Станува збор за целосно преземена агенциска вест. Целосно, освен насловот, кој е ставен од медиумот чија вест ја рецензираме и е проблематичен. Исто така, иако веста е преземена од агенција, тоа не значи дека таа може некритички да се преобјави и тоа особено во ситуација кога во извештај од меѓународен форум има само една страна и кога соговорникот е донекаде нејасен и се потребни дообјаснувања на неговите изјави. Прочитај повеќе

maxim_mk_so-ovoj-status-na-fejsbuk-sergej-varoshlija-ja-shokirashe-javnosta-crop-resize

Кусата вест што ја рецензираме делува  збунувачки.  Се состои  само од две реченици, озаглавена е со наслов: „Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста“, а како илустрација е употребен скриншот од постот на актерот Тони Михајловски! Така што, читателите не може да разберат каква „шокантна“ објава имал на Фејсбук познатиот стилист. Прочитај повеќе

08272014-Press24-Oglas-MVR-crop-resize

[Рецензија: Барате работа? – вработете се во македонското МВР]

Еден од основните, темелни принципи на слободното, неутрално новинарство, е дека ќе биде „куче чувар“, контролор на власта, зашто било која власт да го има мандатот, да управува во одреден период, го добила од народот и дека новинарите се тие кои во името на народот ќе бараат отчет и одговорност за политиките за кои некој добил одобрување да „владее“.

Тоа е толку важна улога на новинарите и медиумите, што дури е наведено во преамбулата на новинарскиот „устав“ – Кодексот на новинарите:

„… новинарите … ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.“

Но, како да му верувате на некој медиум дека го прави тоа кога тој медиум спонзорира владини огласи?!? Тоа е прашањето што си го поставува и нашиот читател на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ) и ни го предложи овој текст за рецензија. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиКАНАЛ-5-Телевизија1-0987-098-crop-resize

Кој брза – тој и греши. Но, кој не си ги поправа грешките од брзањето, ја дезинформира публиката. Оваа „равенка“ некогаш доведува до комични ситуации, па, така, насловот и поднасловот тврдат едно, а подолу во текстот стојат други информации. А, се работи за текст од „цели“ две реченици. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиFireShot-Screen-Capture-023-09876-098-crop-resize

Во поплава на информации од политика и црна хроника, новинарскиот производ кој го рецензираме претставува право освежување, посебно што станува збор за фотосесија на тројца најпознати стилисти и фризери во Македонија. Тематски ова може да се сврсти во мода, естрада, модни трендови. Проблемот во текстот е што медиумот не ги претставил како најпознати, што е општо прифатено мислење, туку како најдобрите, а тоа со ништо него поткрепил. Прочитај повеќе

Next Page →