Plotna001-final-mediamk-okta-09876-098-crop-resizeОваа вест е жив хаос. Таа бездруго функционира по принципот да се збуни непријателот (или читателот – што во оваа вест е едно те исто) да не знае што го снашло за полесно да се изманипулира. Веста, инаку, претставува соопштение на компанијата за нејзините финансиски резултати и тоа многу повеќе внесува забуна, отколку што разјаснува било што. Еве само извадок од кластерот на вести за финансиските резултати на ОКТА од еден од агрегаторите. Прочитај повеќе
Човекот со кошниците. Eден од многуте трговци со кошници кои со мотори ги разнесуваат своите производи од село до село во северна Камбоџа. Идилична фотографија, но авторот вели дека таа би изгледала многу поинаку ако се фател моментот кога возачот на моторот морал да го турка својот мотор натоварен со кошници на остра нагорнина и тоа подолго време. Фото: Ethan Crowley, 2012 

Фотографијата како илустрација на текстот, не смее да манипулира, непотребно да го привлекува вниманието или да предизвикува вџашеност кај читателот, доколку за тоа нема исклучителни околности, кои би ја оправдале таквата пракса. Користењето архивски фотографии секогаш треба да биде јасно означено.

 

Пишува: Саше Димовски

Прочитај повеќе

 

25-09876-09800-crop-resize

Текстот го одликуваат неколку „моменти“, кои се повеќе од политички, отколку новинарски карактер. На пример, анонимните аналитичари, кои наводно се консултирани, изнесуваат партиски квалификации, а не експертски ставови. Исто така, забележлив е и висок степен на извитоперување на фактичката ситуација во пласираната содржина на што е „залепен“ тенденциозен наслов со што се заокружува сликата за недоследен, некоректен и неаргументиран напис кој секако може да доведе до дезинформација на публиката. Прочитај повеќе

Може да ја поткопа приватизацијата на Телеком Словеније   Вечер-crop-resize

Проблемите со веста почнуваат уште од насловот: „Може да ја поткопа приватизацијата на Телеком Словеније“. Комплетно збунувачки. Веста има проблем со содржајноста. Таа отвора многу прашања, можеби и повеќе отколку што одговара. Има многу наводи кои се нејасни, недообјаснети, или, пак, едноставно неодговорени. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: Албански08262014-Kurir-Ubiecot-na-L-crop-resize

Читателите на Сервисот за проверка на фактите од медиумите се сѐ поактивни. Она што е посебно за истакнување е дека тие реагираат на разнолични грешки и непрофесионални постапки на новинарите, а не само на најатрактивните содржини. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →