rc-09876-098-crop-resize

Подла и непријатна игра со приватноста, инсинуации за сексуалната ориентација сѐ со цел да се дискредитира уредник на портал што има уредувачка политика која е критички настроена кон власта. Ова не само што е непрофесионално, туку е и манипулантско и спинерско однесување. Стои и фактот што безобразно се работи на систематско уништување на либералната мисла, како и човековите права и слободи, меѓу кои и сексуалната ориентација. Наспроти новинарскиот кодекс кој налага да се зачува пристојноста, да не се користи медиумот за препукување со колеги, како и да се промовираат различните мислења, во овој дискурс е срочена синтеза на неновинарско однесување, неодговорни и ниски напади ad hominem, а за сето тоа се користи медиумот. Тоа се  прави пред очите на целата јавност како во гладијаторска арена. Прочитај повеќе

Plusinfo-098760980909-crop-resize

Ова е текст кој е изваден од соопштение од  Министерството за труд и социјална политика, со кое се сакало да се пошегува на сметка на министерот Диме Спасов. Aко се прочита изјавата од соопштението од Министерството за труд и социјална политика и насловот на овој текст, веднаш се заклучува дека тој е ставен несмасно. Причината е поради тоа што насловот не соодветствува со вистината. Најмногу и поради тоа овој текст е денеска тука за рецензија. Прочитај повеќе

221-09876-090908-crop-resize

Предизвик е да се разгледува вакво ниско медиумско препукување, кое ги надминува границите на елементарната пристојност, низ призмата на новинарските стандарди. Сепак, клучно е да се запази контекстот во кој е објавен овој текст, за потоа да се дојде до заклучокот дека медиумот се користи за лична пресметка, а не од некаков јавен интерес. Освен што е спротивно на новинарскиот кодекс, кој во членот 16 налага новинарот да ги чува угледот и достоинството на својата професија, да ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и да не го употребува својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги, писанието не може да се смести ниту во еден од новинарските жанрови. Прочитај повеќе

 

27-09876-098-crop-resize

Имаме навивачки текст, обид на необјективен начин да се стави знак на равенство меѓу две работи, кои, за волја на вистината, се од слична природа, но, сепак, не се исти. Најверојатно, сакајќи да се долови народната изрека „со твој стап, по твои плеќи“ – овојпат европски, е отстапено од одредени стандарди: насловот не одговара на професионалните критериуми, а дека навистина „крајот го краси делото“ покажува токму финалето на овој напис. Прочитај повеќе

09302014-NetPress-SDSM-vo-M-crop-resize

Во текстот што го рецензираме нема ништо од една од најбитните препораки на сите новинарски кодекси и правила – професионална дистанца од политичките субјејкти и непристрасно и избалансирано известување како што налага и Кодексот на новинарите во членот 14:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите не треба да ја преминат линијата која ќе ги одведе во ароганција. Прочитај повеќе

Next Page →