123-09876-09800-crop-resize На текстот може да му позавиди и сценарист за порно филмови. На несериозен, површен начин, недокументиран и, се разбира, без никаков извор, се опишува живот на еден човек кој се бара со меѓународна потерница. Поголемо внимание во текстот е обрнато на деталните, сочни описи, одошто на фактот како ќе се постигне степенот на веродостојност на изнесените информации. Дури и дискурсот е отворено несериозен, почнувајќи од зборот „приказни“ во насловот. Целиот текст е напишан по принципот на кафеанско озборување. Прочитај повеќе

vecer.mk-makedonija-makedonija-lider-vo-e-zdravstvo-crop-resize

Станува збор за еден од оние текстови кои Македонија ја претставуваат како лидер во регионот (по индексот на економски слободи, во инвстиции во инфрстаструктурата, во водење бизнис, во производство на алтернативна енергија, во ИТ индустријата, во иновативност, во борбата против трговија со луѓе, во здравствените реформи, економски лидер…) Овој пат сме регионани лидери во е-здравството и тоа на јавноста ѝ се соопштува уште во насловот. Што, сепак, делува претенциозно,  дотолку повеќе, што во телото на веста не може да се прочита кој ја дава ваквата оценка и врз основа на кои критериуми. Па, се добива впечаток дека таа е инспирирана од поривот да бидеме лидери во сѐ . Прочитај повеќе

09262014-Press24-Maleski-crop-resize

Интересен е текстот што во својот наслов поставува прашање „Што сакаше да каже Денко Малески?!?“, а не дава одговор.

Текстот ниту демантира, ниту докажува дека е нешто спорно во изјавата на Малески. Напротив, не сакајки ја потврдува тезата на Малески, кој истакнува дека Американците укажуваат на суштината на проблемот: тој не е во името, туку во идентитетот. Му се допаѓало тое некому или не. Уште повеќе, што, како што наведува Малески, Американците, вклучувајќи го и новоименуваниот амабасадор во Република Македонија, Џес Бејли, мнозинското население во нашата држава го препознаваат како етникум со словенски корени. Така учат во САД.

Тоа што деканот на универзитетот Јејл, господин Стерлинг, за време на посетата на нашиот претседател на оваа восокообразовна институција рекол дека македонскиот јазик е жив и дека го слават и на овој универзитет, не е никаков демант на мислењето на Малески: прво не е демант, зашто на ниту еден начин не се поврзани, а второ, како многу посуштествено,  изјавата на Стерлинг не демантира ништо. Прочитај повеќе

ALFA TV-098765-0980099-crop-resize

Во време кога оној кој ги води официјалните политики е опкружен со многу советници и извршители од областа на пропагандата, не е чудно некои од нив да се судираат во своите содржини и да се спротивставуваат во „сознанијата“ и наводните факти до кои се држат. Оваа телевизијата неодамна објави пофалба за кампањата за безбедност која подолго време, барем три-четири месеци наназад ја спроведува министерката Јанкуловска, главно преку ноќно делење на летоци со своевидни „опомени“ на возачите или укажувања како треба да се управува со моторно возило. И овој прилог треба да докаже дека токму нејзиниот приод кон сообраќајната култура дава резултат и директно влијаел на намалување на бројот на прекршоците. Од друга страна, сведоци сме на написи кои говорат дека полицијата сѐ повеќе пари собира во буџетот од казнување на лошите возачи и неисправните автомобили! Таа се фали со своите излегувања на терен и нивните резултати не говорат за намалување на казнетите. Напротив! Прочитај повеќе

www.sky-.mk-makedonija-422288-crop-resize

Насловната конструкција напишана во сензационалистички манир: „УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…“,  е основниот проблем на оваа куса вест. Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →