Рефлексии врз минатото и иднината. Отсјај на сонцето од туба, дел од музичкиот ансамбл на Универзитетот на Минесота во истоимената држава во градот Морис, САД. Снимено во текот на дипломската церемонија. Фото: Nic McPhee, 2010

 

Од образованието се бара резултат, а не сконцентрираност врз процесот. Така се засилуваат принципите на послушноста, лојалноста и правоверноста, што е рецептот за општествен успех во денешна Македонија. Па, овде ни на прес-конференции не се дозволени прашања, а камо ли во образовниот процес!

 

Пишува: Сашо Орданоски Прочитај повеќе

Не може Жерновски да остане градоначалник а ние да бидеме на улица-crop-resize

Како што се приближува 10 ноември, датум кога е закажана седница на Собранието која битно ќе се одрази врз политичката клима во земјата, се забележуваат сѐ позачестени обиди кај дел од медиумите да му ја олеснат работата на парламентарниот спикер. Имено, првиот меѓу пратениците треба одлучи до тој датум дали ќе покрене постапка за одземање на мандатите на пратениците на опозицијата кои ја бојкотираат работата на Собранието, не признавајќи ја регуларноста на изборите. Има секако голема општествена тежина тој чин, кој хипотетички би бил олеснет ако опозицијата не ја совлада евентуално ерозијата на отпорот – една пратеничка од ЛДП и две од СДСМ си седнаа во пратеничките клупи, а кога нив би им се придружиле други нивни сопартијци, или барем дел од нив, тогаш состојбите во Парламентот, од аспект на владеачките партии, би биле појасни.

Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-034-I-Вистина-vistina_mk_2014_10_21-crop-resize

Самото учество на некој натпревар е успех, поготово ако се работи за меѓународна или светска манифестација. Но лажирање резулати, или нивното невистинито презентирање на јавноста преку медиумите е рамно на неуспех и измама.

На предлог на нашиот читател рецензираме текст, кој се осврнува на резултатите од меѓународниот танцов натрпевар во Сараево во кој успехот на нашите натпреварувачи е преувеличан „Македонските танчери ги собраа главни награди на Светскиот куп во Сараео“. Но тоа не е вистина, сокриени се суштински податоци.

Прочитај повеќе

Како се изиграни потрошувачите Вечер-crop-resize

Ова не е вест. Ова е прикаска. Нема ни КОЈ, ни КОГА, ни КАДЕ, ни КАКО. Има само ШТО и тоа делумно: НЕКОИ производители на НЕКОИ апарати за домаќинство, правеле НЕШТО за тие апарати да им се расипуваат на потрошувачите еден месец по завршетокот на гарантниот период. Ни извори, ни примери, ни конкретни податоци. Ништо. Овој напис не ги задоволува критериумите да се нарече вест, ниту пак припаѓа на било кој познат новинарски жанр. Со оглед на тоа, овој текст не е новинарски производ. Прочитај повеќе

 

sopruga-na-panki-0987-098-crop-resize-002

Познато е дека известувањето за самоубиство е неетичко, а тоа го знаат (барем би требало) сите новинари. Иако сето тоа е добро познато и има правила дали смее и кога се смее, како и што да се објави во текстови за самоубиство, тоа не се почитува. За наводното самоубиство на сопругата на еден македонски познат пејач во јавноста за само еден ден се пласираа информации за тоа која била жената, каде работела, чија жена била, каде била родена, каде завршила училишта, и капак на сето тоа, дрско се објавија фотографии од личниот Фејсбук профил на сега веќе починатата. Затоа, овој текст (кој не е исклучок, туку е еден од многуте на различни портали) заслужува да се најде на рецензија и да биде оценет негативно. Прочитај повеќе

Next Page →