FireShot-Screen-Capture-034-I-Вистина-vistina_mk_2014_10_21-crop-resize

Самото учество на некој натпревар е успех, поготово ако се работи за меѓународна или светска манифестација. Но лажирање резулати, или нивното невистинито презентирање на јавноста преку медиумите е рамно на неуспех и измама.

На предлог на нашиот читател рецензираме текст, кој се осврнува на резултатите од меѓународниот танцов натрпевар во Сараево во кој успехот на нашите натпреварувачи е преувеличан „Македонските танчери ги собраа главни награди на Светскиот куп во Сараео“. Но тоа не е вистина, сокриени се суштински податоци.

FireShot Screen Capture #034 - 'Македонските танчари ги собраа главните награди на Светскиот куп во Сараево I Вистина' - vistina_mk_2014_10_21Линк до оригиналниот напис: Македонските танчари ги собраа главните награди на светски куп во Сараево

Датум и време на објавување: 21.10.2014, 14:53

Датум на рецензирање: 28.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

СВЕТОТ Е, СЕПАК, ПОГОЛЕМ

Содржината е конфузна и не може да се долови вистинската слика што, всушност, се случувало во Сараево, за каков вид натпревар се работи, кој е организаторот, во колку категори и во какви дисциплини биле поделени натрпеварувачите за да може да се измери квалитетот на освоените пласмани.

Овој викенд Сараево беше центарот каде се собраа танчарите од целиот свет да ги измерат своите вештини и квалитети.

Да се употреби терминот „од целиот свет“ подразбира барем некаков вид интерконтинентален натпревар. На натпреварот во Сарево се собрале танчерите од десетина земји, а главните фаворити биле само од Турција, Италија, Романија и Франција, додека другите натпреварувачи биле од просторот на бивша Југославија , така што не може да стане збор за целиот свет – тој е малку поголем од овие простори.

ПОГРЕШНИ ЧЕКОРИ

Не осврнувајќи се на успехот на останатите учесници на натпреварот (Босна, на пример, освои 6 златни, 3 сребрени и 2 бронзани медали во разни танчерски категории Сјајан успех БХ плесача у Сарајеву , без да се повика на извор, се тврди дека

Македонските танчари ги собраа главните награди на Светскиот куп во Сараево… јуниорите на Dancers United Mk освен што се вратија со многу импресии од ова случување, се вратија и со многу медаљи и пехари… нашите најмлади во сите категории, со тешка конкуренција беа финалисти во сите категории. Дел од инструктори на Dancers United Mk Сара Кочан и Нермин Кочан ја дополнија листата на награди на претставници од Македонија… со трето место.

Читателот, кој го предложи текстот за рецензија, убаво забележал дека, всушност, медиумот воопшто не ги проверил официјалните резултати на сајтот на Купот, бидејќи, како што забележува, повикувајќи се на официјален извор, клубот од Македонија има освоено седум последни места, односно има освоено апсолутни последни места во 6 категории, само во една категорија, каде настапил вон конкуренција и бил единствениот натпреварувач, освоил прво, односно последно место, бидејќи немало други натпреварувачи, а во една категорија „Салса“ Сара Кочан и Нервин Кочан освоиле девето место од вкупно дваесет танцови парови (European Championship | Salsa | Couples). За сите други дисциплини овде може да се види целиот пласман: Официјалните резултати за сите категории.

Чуму тогаш импровизации и лажен сјај во медиумот. И тоа што е постигнато е сосема доволен успех за Dancers United Mk и нивните претставници со оглед на тоа што клубот постои, како што е наведено и во текстот, само една година: „Клубот Dancers United Mk зад себе има една година од своетио формирање, а кој несомнео на повеќе натпревари ги собира главните награди“.

Прекршен е член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, кој ги регулира основните принципи и етички вредности:

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи… Точноста на информација треба да се провери колку што тоа е можно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана одМетаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

нема евидентирани извори

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори