rudarstvo-0987-09800-crop-resize

 

Дефиницијата на успехот не мора да е филозофско прашање. Тоа најдобро го знаат економистите, кои, за да го дефинираат, се потпираат на „здрави аргументи“. Тоа се, пред сè, бројките. Во случајот имаме обид да се најде предновогодишпна стопанска пофалница, која треба да нè вклопи во општиот амбиент на самореклами кои се обидува да ги шири околу себе владината екипа. Оваа агенциска вест од рударскиот сектор е веројатно и затоа масовно преземана, ама во неа се избришани темните настани, кои ги имаше и тоа токму во овој сегмент на економијата, а како поддршка на тезата не се нудат некои недвосмислени бројки.

rudarstvo-0987-09800Линк до оригиналниот напис: 2014 година успешна за рударството

Датум и време на објавување: 22.12.2014, 18:10

Датум на рецензирање: 25.12.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

И покрај кризата во Европа, рударскиот сектор деловната 2014 година ја завршува успешно. Ако се погледне статистиката, во првите 10 месеци има извесен пад на уделот на рударството за околу два отсто, но до крајот на годината очекуваме да се достигне планираното ниво, изјави претседателот на МАР и директор на „Бучим“ Николајчо Николов пред почетокот на седницата на Асоцијацијата.

Го издвојуваме овој дел од текстот како еден ретките сегменти каде имаме некаква бројка, ама таа, објективно, говори за пад од два отсто (!) кој треба да е успех! Како ли изгледа неуспехот? Можеби имаме нови критериуми по кои и падот на уделот (кој, да појасниме, е 12 отсто од индустриското производтво) е успех?

Јасно дека можеби и помалку ископаното рудно богатство, на пример, може да е добар успех ако цените на пазарот тоа го валоризираат. Ама, од текстот, да издвоиме само уште една констатација (и онака нема многу), се гледа дека „според прогнозите, цените на металите нема да се зголемат и идната година, но и ако останат на сегашното ниво, рударството ќе има проблеми, посочија неговите претставници“. Ова логично значи дека ако биде таа компонента како годинава, ќе имаме проблематична ситуација, бидејќи, аналогно и годинешната ич не е за алал!

Навистина, дали се зголемиле платите на вработените? Се зголемил ли приходот, а расходот останал ист? Имало ли можеби големи инвестиции (има само најава за една и тоа не се знае точно која и „дали инвеститорот точно и колку е подготвен“ вели претседателот на Македонската рударска асоцијација)?! Напротив, се говори за многу базични проблеми, кои извираат од третманот на оваа гранка во Министерството за економија. Дури газдите во рударството апелираат на донесување на нов Закон за минерални суровини.

На крајот на краиштата и во непотпишниот напис се вели оти проценките говорат дека „идната, 2015-та, ќе биде тешка“. Значи, уште сега имаме лоши најави, ама сакаме да шириме оптимизам. Или, имаме комплетен спин, според кој кај нас секаде цветаат рози, па и во економијата, дури и онаму каде секогаш било тешко – во рударството.

Од друга страна, воопшто не е спомената вистината за недозволиво многу рударски несреќи и многу зацрнети семејства. Во декември имавме две тешки несреќи во рудникот Добрево во Пробиштип. Во истиот рудник имаше уште најмалку две рударски несреќи при експлозија и при пад од карпа, исто така, во еден месец (види овде). Според Мета, во овој сегмент на стопанството годинава имало 57 несреќи, од кои само во Злетово 17! Затоа, на 3 мај годинава имаше рударски демонстрации заради лошата безбедност во гранката. Само во Каменица за 4 години загинале 7 лица (последното токму тие денови).

Е, тоа е новогодишна, аналитичка тема за рударстото која го заслужува општественото внимание, а таа кажува нешто сосема друго од она во овој напис.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

Има неточни констатации врз основа на изнесени факти

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори