КАНАЛ-5-Телевизија-http___kanal5.com_.mk_vesti_detail.asp_ID57288-crop-resize

 

Станува сбор за наменски скроен материјал, кој преку класичен спин ја турка тезата дека бизнис-заедницата во државата има позитивен однос кон предлогот за државен испит на факултетите. И, ваквата манипулативна порака на читателите им се соопштува со самиот наслов: „Бизнисмените бараат квалитетен и образован кадар“. Но,  кои се бизнисмените кои излегле со вакво барање? Прилогот, сепак, не нуди одговор на ова прашање.

КАНАЛ 5 - Телевизија - http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=57288Линк до оригиналниот напис: Бизнисмените бараат квалитетен и образован кадар

Датум и време на објавување: 24.12.2014, 15:09

Датум на рецензирање: 26.12.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

СÉ НАЈДОБРО ЗА ВЛАДАТА!

Во овој едностран и целосно необјективен напис не може да се најдат факти кои ги потврдуваат наводите дека бизнисмените имаат позитивен однос кон државниот испит. На публиката не ѝ се презентира ниту една изјава од бизнис-секторот, туку субјективената перцепција на авторката (медиумот) се  подметнува како став на бизнисмените.

Единствен извор на информации е отворената владина седница од 21 декември 2014 година, од која се издвоени една реченица од настапот на министерот за образование, како и репликата на премиерот, во која тој му „помага“ на министерот да ги објасни новините поврзани со државниот испит (прикажани од 1,12 до 1,58 минута).

„Државниот испит се смета за положен доколку студентот освоил најмалку 60 отсто од вкупниот број предвидени бодови за сите предмети“ (Адеми)

„Тоа значи, ако во прва и втора положат 15 испити, 20 отсто се три предмети. Значи кај три предмети 60 отсто од бодовите да ги освои, може да помине и со 30. Ако му се потешки, или нема афинитети, а по сите други е одличен. Така што, нема да му го сруши државниот испит, но сепак мора да има миниум знаење“ (Груевски)

Но, ова тонско парче нема никаква врска со ставот на бизнисмените. И од споменатиот фрагмент никако не може да се извлече заклучок дека реформата за државен испит е еден начин да се обезбеди квалификуван кадар според барањата  на бизнис секторот, како што се тврди на самиот почеток од прилогот.  Тоа, буквално, е произволно нафрлено и без никаква аргументација, а со идеја да се форсира позитивна клима во јавноста за најавените реформи во високото образование.

Коментаторските елементи кои се нагласено присутни, исто така, имаат цел да го засилат впечатокот дека концептот што го предлага Владата е полн погодок!

Всушност, целиот прилог, кој е објавен еден ден пред одржувањето на новиот протест на студентите (26 декември 2014 година) премногу нападно ја фали владината мерка. Тој е правен во стилот „сѐ најдобро за Владата“,  и прозвучува како политички интонирна пропагандна содржина, која нема некоја допирна точка со принципите на етички исправното новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори