Проектот „Купи куќа  купи стан“ добива на интензитет   Република Online-crop-resize

 

Еден од најтаинствените проекти на актуелната власт, „Купи куќа, купи стан“, постојано го влече со себе парадоксот „да не ги открива нозете“, иако постојано е во центарот на вниманието. И сега, кога пред Нова година се организираа јавни манифестации по повод оваа акција, некои и во големите трговски центри, нам сè уште не ни е јасно – успеа ли оваа акција во остварувањето на својата цел и кога ќе ги дознаеме сите релевантни бројки?

Проектот „Купи куќа  купи стан“ добива на интензитет   Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет

Датум и време на објавување: 24.12.2014, 16:02

Датум на рецензирање: 29.12.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„„Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември има нови 40 барања за субвенција, а претходно имавме 50. Откако почнавме со саемите 90 семејства го решија  прашањето за сопствен дом. Така што ќе продолжиме и понтаму – рече Ставрески.“

Од текстот дознаваме дека се одобрени 90 барања, ама временска одредница не е дадена – од почетокот на акцијата или од јануари. Стои дека само во последниот месец годинава таа бројка станала толкава со 40-те нови апликации кои стигнале на двата декемвриски саеми, специјално организирани за таа цел. Оттаму, магазинот извлекува заклучок дека акцијата „Купи куќа, купи стан“ добила интензитет и интерес.

Во други медиуми може да се прочита дека „македонските граѓани и во текот на наредната година ќе можат да поднесуваат барања за субвенциониран станбен кредит преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ (како што се вели овде), бидејќи во буџетот за 2015 година се предвидени доволно финансиски средства за натамошно реализирање на овој проект“.

Заради некомплетната вест, по претрагите дознавме дека Министерството за финансии, преку овој проект, досега одобрило станбени кредити на 331 барател, од кои 270-280 се одлучиле да купат стан, додека останатите се одлучиле за изградба на куќа. Македонската влада на граѓаните им нуди можност да изберат една од двете опции. Првата е моделот „половина рата“, со која граѓанинот учествува со половина средства во ратата од кредитот. Ако станува збор за куќа, тогаш државата учествува со 75 отсто, додека со само 25 отсто учествува апликантот. Со кредит од 50.000 евра, во првите три години од неговото враќање, од вкупната месечна рата, во износ од 300 евра, државата и граѓанинот плаќаат по 150 евра. Во делот на изградба на куќа, државата од идентична рата покрива 225 евра, додека барателот плаќа само 75 евра. Вториот модел, „половина учество“, во моментов е помалку популарен кај поднесувачите на барања до банките.

Проектот, како можност за поднесување на понуди на банките, стартуваше на почетокот на 2012 година и се предвидуваше само во таа година да се подигнат 2.500 кредити (!), а барателот или барателите требаше да имаат приходи од најмалку 900 евра, што го објаснува крахот на целиот проект, кој инаку е почнат претходно како пропагандна опција (2011). Практично, ако малку се „потарашка“, ќе се види дека за три години се поднесуваат по околу 100 барања и годинешното не е никакво „залауфување“, туку говори и за опаѓање на тој минимален интерес! Затоа и бројките не се даваат: ќе се види дека проектот што лично го води министерот Ставрески е комплетно промашување! Но, и како таков, преку овој напис од него се сака да се направи пропагандна „фешта“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

Не ја дава комплетната информација

нема доволно факти

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПлагијат

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори