Со државниот испит се руши комодитетот на професорите   NetPress - cop-resize

 

Пред нас е манипулативна медиумска содржина, која се пресметува со дел од академската заедница затоа што јавно се спротивстави на новите законски измени во високото образование. Текстот се појави еден ден по формирањето на „Професорски пленум“ (кој даде поддршка на студентскиот протест на 26 декември 2014 година) и откако Ректорската управа на Универзитетот „Свети  Кирил и Методиј“ едногласно побара повлекување на измените на Законот за високо образование.

Во него преку класичен спин, незадоволството на професорите поради тоа што „реформите во високото образование се прават без нивна консултација и без јавна расправа“,  се претставува како револт поради „нарушениот комодитет“. Што, несомнено, има цел да ја изврти приказната со државниот испит во сосема друг правец.

Со државниот испит се руши комодитетот на професорите   NetPress - finalЛинк до оригиналниот напис: Со државниот испит се руши комодитетот на професорите

Датум и време на објавување: 27.12.2014, 14:56

Датум на рецензирање: 29.12.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

АТАК ВРЗ ПРОФЕСОРИТЕ

Напсиот натежнува од напади, па дури и ги омаловажува професорите затоа што се „дрзнале“ да ја критикуваат владината мерка со која, според нив, се урива автономијата на Универзитетот.

Текстот, кој е најверојатно позајмен од  друг медиум каде е објавен половина час претходно, целосно се става во одбрана на владиниот предлог, и, фактички дејствува како „адвокат“ на власта.

Уште на самиот почеток се фали законското решение и без никаква аргументација се тврди дека со споменатите законски измени „ќе се подобри квалитетот на образованието“.  А веднаш потоа, затскривајќи се зад неименувани „познавачи“ на сосотојбите во образовната сфера, се напаѓаат професорите. Односно, се излегува со тенденциозна констатација дека со предложеното решение „се нарушува комодитетот на професорите“ и дека тоа е:

„главната причина дел од нив да се противат на измените“.

Оваа теза се турка низ целиот напис, од почеток до крај, а истата поента е извлечена и во насловот. Идејата е да се убеди јавноста дека професорите, наводно, реагираат поради сопствениот интерес да ја сочуваат удобната позиција на факултетите и затоа што се исплашени:

„нивниот евентуален неквалитет да не дојде до израз, односно да не се открие“

Тоа има навредлива интонација кон професорската бранша и изгледа срамно.

 

МИСЛАТА НА МИНИСТЕРОТ!

Текстот продолжува во истиот стил: ред фалби за владината мерка, ред напади врз професорите. И, во таков манир, на читателите им се наметнува перцепција дека новиот услов за објавување научни трудови во високо-влијателни светски списанија е „број 1 критериум во развиените држави за доделување на грантови и промовирање на повисоки звања на академскиот персонал.“

Сето ова во написот се пласира како неприкосновена вистина, без да се понуди некаков пример за тоа. Ниту, пак, се посочува кои се тие „познавачи“ или „упатени“, па публиката самата да процени дали ќе им верува.

Како крунски доказ за таквите наводи е налепена изјавата на поранешниот министер за образование (сега министер за здравство), кој бранејќи го владиниот предлог вели:

„Професорите се научници, доктори на науки, тие имат обврска да се легитимираат пред нивните колеги. Со објавувањето на трудовите на импакт фактор, тој се легитимира пред неговиот колега во Данска, Швајцарија, Америка… професорот објавува труд и тој труд потоа е евалуиран, некој го цитира, некој го критикува…“

Со респект кон мислењето на министерот, сепак, тежината на неговата мисла е предимензионирана.

 

НЕВИСТИНА

Во конкретниот случај, неговиот став треба да го засили впечатокот дека професорите се исплашени поради „заострувањето на критериумите за работа“,  што, всушност:

„… е главната причина поради која тие ги храбрат студентите се помасовно да излегуваат на протести…“

Но, ваквото тврдење е невистинито, бидејќи, професорите (во поголем број) се охрабрија да го кренат гласот против предложеното законско решение дури пред третиот студентски марш (26 декември 2014 година).

За разлика од претходните два протеста (кога поддршката од  професорите беше прилично скромна), овојпат на студентите им се придружија повеќе професори од унивезитетите „Свети Кирил и Методиј“, „Свети Климент Охридски“, потоа од  Штипскиот универзитет, од Штуловиот универзитет и од други високообразовни институции.

Исто така, неточна и манипулативна е и констатацијата:

„… вчера (26.12.2014) се покажа дека отпорот против државниот испит се намалува и мнозинството на студентите се одлучуваат за поддршка на реформата која ќе биде од нивна полза.“

Таа има цел да креира слика дека отпорот кон државниот испит на факултетите и, воопшто, кон предложените реформи во високото образование стивнува, но извештаите и снимките од студентскиот протест на 26 декември го говорат токму спротивното.

 

ПРЕМИЕРОТ СО ИСТА ТЕЗА

Во финишот на текстот, само навидум се поставува дилемата дали академската заедница се бори на површина да не излезе евентуалната некадарност на професорите?  Иако, видливо e дека, всушност, станува збор за констатација на која намерно ѝ е даден навредлив призвук.

Овој необјективен материјал (речиси истовремено пласиран на повеќе медиуми), практично, беше своевидна најава на настапот  на премиерот, кој два часа подоцна ги искажа истите критики кон професорите. Имено, и тој рече дека „главен мотив на професорите да бидат против реформите било тоа што  од 2018 година ќе морале  да објавуваат најмалку по два труда во светски реномирани списанија, а не како досега во кои било списанија“

Ваквото „читање“ на  мислите на премиерот јасно кажува со каква политичка боја е интониран материјалот  што е предмет на оваа рецензија и какви се неговите намери, кои несомно не се новинарски.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВистинитост

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИзвори на информации

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСодржајност

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПристрасност

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКоментирање

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПлагијат

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКвалитет на насловот

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФотографија

има

соодветна

ни манипулира ни информира – ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГовор на омраза

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУреден за веб

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Коментари

Коментарите ќе бидат модерирани според правилата за коментирање и нема да се толерираат навреди, клевети или говор на омраза.

Одговори