Колаж: СПФМ
Колаж: СПФМ

 

Замислете колку му е „тешко“ на премиерот, кога тој се цитира и спомнува во шест прилози во еден ТВ-дневник. И досега, и во ерата на Се-Де-Се-То и во ерата на Ве-Ме-Ре-То, дневните агенди на премиерот се „сецкале“ на делови, ама штипскиот пример ќе остане долго во аналите на новинарската (не)професионалност.

 

Пишува: Веле Митаноски

 

Прочитај повеќе

2-nezavisnost-09876-09807-crop-resize

Нешто не ми е јасно. Дали е ова критика за „опозициските“ медиуми или, пак, самокритика на порталот кој го има објавено конкретниот текст? Да бидам искрен, впечатокот е како да имаме работа со напис со симптоми на подвоена природа.

Прочитај повеќе

Ваков протест не се прави за мали и неважни промени. Фото: ФОСИМ, 2014
Ваков протсет не се прави за мали и неважни промени: протестот на хонорарците на 22 декември 2014. Фото: Ванчо Џамбаски, CC BY-NC-SA. 

 

Реакцијата на граѓаните јасно покажува дека не станува збор ниту за мали, ниту за неважни промени, што значи дека пратениците направиле грешка во процената или биле ставени во заблуда, но, во секој случај, и таа грешка треба да ја поправат, односно, да го вратат законот во редовна процедура, а прашањето е: како мислат да ја поправат направената грешка.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевскаексперт за човекови права

 

Прочитај повеќе

Пулс 24-Лекот за рак пронајден пред 65 години - crop-resize

 

Не е етички медиумите да шират информации за „медицински откритија“ што создаваат лажна надеж. Тоа може да има далекусежни последици врз пациентите, па дури и да ги натера да престанат со својата од лекар препишана терапија. Одговорното новинарство се базира на факти кои се докажани. За жал, формулациите користени во ова четиво не му даваат на читателот основана причина да поверува во нивната веродостојност.

Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-065-www_kurir_mk_makedonija_vesti_183346-FOTO-crop-resize

 

Основното прашање што се наметнува во рецензијата на овој текст е – дали граѓанинот кој ги препознава погрешните политики на власта или лошите одлуки и решенија има право за секое од нив да каже „не“. Или, треба да се појави на протест само тогаш кога е лично засегнат, не изразувајќи никаква солидарност и поддршка на оние што се погодени од неправдата.

Граѓански активизам подразбира учество ако не во сите, барем во дел на граѓанските активности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и борба против неправдата.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →