Светот внимава на парите Македонија на ставовите за спорот Нова Македонија-crop-resize

 

Ако до изборите во Грција во неделата главно прашање за новинарските анализи беше колкава ќе биде победата на СИРИЗА, од денес, овој понеделник, главна тема е како оваа левичарска партија ќе ја консумира власта. Што да направи новинарската аналитика во сабота наутро, кога излегуваат викенд-изданијата? За овој текст е одлучено да се направи паралелизам кај клучните политички понуди за читателот, да се воочат разликите меѓу партиите и лидерите и тоа да не биде здодевно, туку да претставува можност за брзо осознавање на материјата, заедно со лесната прегледност.


Прочитај повеќе

Jadi Burek-0987-098-ZZZ
Бајаги интервју, бајаги новинарство. Емисија „Јади бурек“, 23.01.2015. Фото: видеоклип скриншот

 

Зарем  може  еден новинар кој држи до своето реноме и углед, на секоја реченица од премиерот да вели: „да, така е“,  „во право сте (си)“,  „убаво го кажа ова“…

 

Пишува: Оливера Војновска

 

„Ласкањето е легален вид корупција. Законот за тоа не предвидува казна“

 Шарл Бодлер

Оваа мисла на Бодлер,  еден од најголемите и највлијателните француски поети на XIX век (9 април  1821 – 31 август  1867), ми прелета низ главата, гледајќи ја емисијата „Јади бурек“ (23.01.2014), во која водителот со таква сервилност  се обраќаше кон премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, што на секој негов збор кимнуваше со главата со блажен израз на лицето и со понизна насмевка. Дури и неговите „потпрашања“ завиткани со неизбежните извинувања во стилот „ да не биде погрешно разбран“, беа во истиот дух: умилкувачки воспевајќи го гостинот, кој беше прилично спокоен во студиото.

 

Прочитај повеќе

radio-novo-staro-filips-bakelit-1200-dpi-frame
„Ајфон“ со најмодерна интерфејс-конзола и звучници во ретро-стил на старо радио и вистинско бакелитно старо музејско радио. Фото: „Ибеј“ (комерцијална понуда, лево) и Robneild, „Википедија“, 2007, (Bakelite Museum, Somerset, UK, десно)

 

Овој медиум се покажа најприлагодлив на технолошките промени во светот, иако неколкупати беше прежален. Најверен слушател е – човековата осаменост и примордијалната потреба некој глас да биде тука, до вас – од колевка до гроб

 

Пишува: Љубомир Костовски

 

Познатиот дубровнички диџеј, Здравко Кеџо, еднаш ќе рече дека новинарите од весниците цел ден пишуваат и бришат реченици, се мачат, за на крај, божем, да излезат поумни од претходниот ден. На телевизија водителите цел ден се пред огледало, си говорат самите себеси за да излезат, ако може, поубаво. Само на радио може да се види дали е некој навистина умен или не!

Ова е, секако, е едно од многуте поедноставувања на сликата за медиумите, дадена од наш колега, кој до 2002 година работеше во амбасадата на Хрватска во Скопје, а сега е докторант по политички науки на Универзитетот во Загреб. Ама, мора нешто кај радио-водителите да е одговорно за жилавоста на овој медиум, кому одамна му предвидуваат крај. Посебно кога се појави неговиот технолошки близнак (по начинот на пренесувањето и приемот на сигналите) – телевизијата. Потоа се појави и персоналниот сметач и сите пак рекоа – збогум радио! Радиото сѐ уште функционира и неодамна стигнаа и процени дека некои изгубени жанрови, како радио-драмата, се враќаат во етерот.

Прочитај повеќе

Покрај ваква зграда и вакви шарени логоа за ТВ каналите , кому му треба квалитетна телевизиска програма? Фото: Yemc, Википедија. Kолаж: СПФМ
Покрај ваква голема зграда и вакви шарени логоа за ТВ-каналите, кому му треба квалитетна телевизиска програма? Фото: Yemc, Википедија. Kолаж: СПФМ

 

„Нашиот јавен сервис повеќе е јаден отколку јавен! Граѓаните, во однос на МРТВ, се еднакви само во плаќање претплата, не и во однос на услугите што ги примаат од јавниот сервис“, вели доајенот на македонското новинарство, колегата Иван Бојаџиски од Штип, поранешен член на Советот и претседател на Програмскиот одбор на МРТВ.

 

Пишува: Веле Митаноски

 

„Хоће ли слобода умети да пева као што су сужњи певали о њој!“

(„Ќе умее ли слободата да пее за заточениците така како што тие пееја за неа?“)

Стихот е позајмен од една песна на српскиот поет Бранко Милковиќ, истиот оној кој ги остави и заветните зборови: Ме уби пресилниот збор! По слободата (на информирањето) пеат, во сѐ поголем глас, и македонските новинари, не само со случајот Кежаровски. Прочитај повеќе

Овој напис го има и на: АлбанскиКрик за слобода на албанските актери претстава Остави ме да дишам Локално - 001 - crop-resize

 

Оваа рецензија нема дa има повеќе од три реченици. Толку колку што ги има веста што ја рецензираме:

Сосема непрофесионално и недозволиво е да се измислува или накалемува нешто на некој настан или некоја порака. Ниту на настанот, ниту на пораката на транспарентот што актерите на Албанскиот национален театар од Скопје го раширија на крајот на претставата пред тетовската публика нема ништо за „задушеноста на општеството,  на слобода и правата на граѓанинот!“, како што се „фантазира“ во рецензираниов текст.

Прочитај повеќе

← Previous PageNext Page →