Овој напис го има и на: АлбанскиКАНАЛ-5-Телевизија-09876-098-crop-resize

 

Ова е еден крајно манипулативен и политички пристрасен текст, кој се базира само на шпекулации и на чаршиски муабети, без поткрепа со факти. Единствен факт употребен во овој текст е дека „Македонски анонимуси“ објавиле видеозапис на „Јутјуб“ со кој тврдат дека ги хакирале компјутерите на СДСМ и дека ќе ја објавеле „правата вистина“, спротивна на проектот „Вистината за Македонија“, кој го реализира опозицискиот СДСМ преку т.н. „бомби“. Насловот и текстот се тенденциозни со намера да предизвикаат паника во опозицијата и во јавноста, алудирајќи дека таа веќе почнала да се шири. Но, без никакви докази за тоа, тезата лесно паѓа во вода.

Прочитај повеќе

 

23-09876-098-crop-resize

 

Кога вистината се спинува, кога фактите се мешаат со паушални тврдења, кога нема извори, кога отсуствуваат експерти, а се повикува на нивното „мислење“, кога наместо информативни се користат коментаторски елементи, кога пристрасноста е присутна до екстремен степен… тогаш зборуваме за ваков текст

Прочитај повеќе

КАНАЛ-5-Телевизија-http_kanal5com_mk_vesti_detailasp_ID62373-crop-resize

 

Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Токму овие главни принципи, утврдени во Преамбулата на новинарскиот Кодекс и на кои треба да се темели новинарската професија, целосно затаиле во веста што ја рецензираме. Овој материјал има цел да ја скрие „шлаканицата“ од Брисел. Па, тргнувајќи од таа идеја, наместо да ја пренесе информацијата дека „претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со премиерот Никола Груевски, закажана за в четврок (26.02.2015)“,   на јавноста ѝ соопштува дека средбата била одложена по „заедничка проценка на двете страни“!  Со ваквата, само навидум, мала „козметичка“ интервенција, се прави суштинска повреда на вистината и се изместува тежиштето на пораката од Брисел. Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-081-adam-crop-resize

 

Фотографија на млад човек, без облека, но која не ги надминува границите на добриот вкус, дури ни за младата публика, се објавува на страниците на еден медиум, притоа проследена со груби и навредливи инсинуации, па и отворени дисквалификации, кои несомнено укажуваат на намерата таа личност да биде оцрнета и исмејана во очите на јавноста. Ова е, накусо, основното обележје на сочинението што е предмет на рецензијава. Нема дилема дека материјалот нема никаква врска со новинарство бидејќи ги занемарува, па и гази сите општи принципи на кои почива новинарската професија и етика – вест во написов не постои, материјалот е целосно нерелевантен за јавноста, приватноста на еден човек, инволвиран во протести на студентите на македонските универзитети, е грубо повредена, а јасна е интенцијата за оцрнување на личноста чија интима е нападната, со елементи на дискриминација, особено кога ќе се согледа дека текстови со идентични тези, па дури и конструкции на реченици, со идентични фотографии, синхронизирано се појавија во неколку интернет-портали.

На едно друго, занаетско ниво, оваа квазивест пати од неписменост, од конфузно срочени сложени реченици по теркот „сакам кажам, не знамречам“ и од непознавање на правописот на македонскиот литературен јазик.

Прочитај повеќе

FireShot-Screen-Capture-081-Мијалков_-Нема-прошка-за-никого-законите-се-строги-–-TELEGRAF-crop-resize

 

Во овој случај целта е јасна – да се релативизира сѐ она што се случува во овој миг во државата и на конкретниот настан да му се даде сосема друга димензија.

Прочитај повеќе

Next Page →